Младите во Дебар се почесто се вклучуваат во активностите на хуманитарните организации. Со нивното волонтирање тие помагаат на одредени таргет групи во општеството и спроведуваат бројни проекти. Особено е голем бројот на младите волонтери во општинската организација на Црвениот крст. Таму има посебна екипа која спроведува проекти исклучиво со волонтери, вели секретарот на Црвениот крст во Дебар Исни Телќиу.
Расте бројот на младите волонтери во Организацијата на Црвениот крст. Тие со оваа активност пренесуваат пораки на хуманост, помагајќи на посебни таргет групи во општеството. Најчесто тие таргет групи се старите и изнемоштени лица, социјално загрозените и лица со посебни потреби.Исни Телќиу, секретар на Црвениот крст во Дебар.
„Расте бројот на младите волонтери во Организацијата на Црвениот крст. Тие со оваа активност пренесуваат пораки на хуманост, помагајќи на посебни таргет групи во општеството. Најчесто тие таргет групи се старите и изнемоштени лица, социјално загрозените и лица со посебни потреби.“
РСЕ: Реализираат ли проекти младите волонтери?
„Најголемиот број проекти кои ги спроведува Црвениот крст се реализираат со волонтери. Над 90 насто од проектите ги имплементираат овие волонтери“, вели Телќиу.
Јас се определив да бидам волонтер во оваа организација затоа што се помага особено на стари лица, потоа социјално загрозени лица и други категории. Редовно учествувам во проектите на Црвениот крст.Ирена Јосифовска, волонтер во Црвен крст.
Ученичката Ирина Јосифовска е волонтерка во организацијата на Црвениот крст. Таа вели дека со својата активност како волонтерка ги продолжува традициите на семејството кога е во прашање хуманитарниот аспект.
„Ја сум волонтер во Црвениот крст повеќе од две години. Во оваа хуманитарна организација претходно волонтер беше и мојата сестра, а сакам да нагласам дека во Црвениот крст активисти во минатото биле и моите родители. Јас се определив да бидам волонтер во оваа организација затоа што се помага особено на стари лица, потоа социјално загрозени лица и други категории. Редовно учествувам во проектите на Црвениот крст, како што се првата помош за одредени структури на лица, потоа помагање по семејствата каде што живеат само стари и изнемоштени лица и други.
РСЕ: Имаш ли другари кои сакаат да се вклучат во овие активности?
„Да. Повеќето од моите другари и другарки веќе сакаат да бидат волонтери. Тие ме прашуваат за моите активности и посакуваат тоа да го прават и тие. Јас ќе продолжам со оваа активност и натаму.“
Во невладиниот сектор во Дебар се евидентирани над сто волонтери и тоа во најголем дел млади. Според информациите на граѓанските организации, тие се вклучени моментално во четири проекти и даваат значаен придонес во севкупната општествена поддршка особено на социјално загрозените семејства.