Дали ќе се спроведува екстерно тестирање или државен испит на универзитетите? Дилемата се јави откако властите негираа дека биле за екстерно тестирање, туку за државен испит што предизвика низа коментари во јавноста за и против најавената реформа во високото образование. Низа коментари на нашата фејсбук страна предизвика и текстот во кој е опишана хорнологијата на екстерното. Работите се вжештија со протестите на студентите на 17 ноември, по што министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми изјави дека одлуката ќе биде донесена до средината на декември.
Ова ти е како онаа нашата не по врат по шија.Коментар на Фејсбук.
„Лично, повеќе сум наклонет да има државен испит, но тоа не зависи само од мене, туку од повеќе фактори. Пред сè, од Одборот за акредитација, кој треба понатаму да ги спроведува сите активности, па од универзитетите, од студентите, од политики на Владата од аспект на образованието. Ако се одлучиме да има, тоа мора да биде без да се нарушува автономијата на универзитетите, без да се загрози Болоњскиот процес и без да има дополнителен товар и за универзитетите и за студентите“, изјави Адеми.
Еден од нашите следбеници на фејсбук, Татјана Ѓорчевска кратко напиша „ Ова ти е како онаа нашата не по врат по шија“. Менде Кело пак се надоврзува и порачува да бидат малку и студентите тоалетна хартија. Ленче Арсова вели нека му ја мислат децата од 2017 година што ќе се запишат на факултет. Стефан Талевски пак прашува па што ако е транспарентно? Што ако положи? Гаранција дека знае е тоа? Се знае според него, како тоа оди во нормалниот свет. Одиш да се вработиш, тест период и си гледа работодавецот дали те бива или не. Ниеден тест или диплома не ти помага ако не те бива, заклучува Талевски.
Ако стават уште некој данок и млади и стари ќе избегаат.Коментар на читател.
За Горан Митаноски не е воопшто важно како ќе се вика тестирањето. Според него важно е дека има маса на незадоволни и свесни интелектуалци на улица и секој обид да се правдате дека некој ги изманипулирал уште повеќе ги навредува и иритира.. Ало студенти се тоа не се баби и дедовци па да може да ги купите да ве сакаат и фалат за бесплатно возење во автобус во петок, вели тој.
Дека студентите се темата која ги одбележа исзминатите денови говорат повторно коментарите на уште еден текст поврзан со истата тематика насловен „Дијалогот студенти влада непочнат, а веќе проблематичен. Студентите бараат Адеми да ги прими во петок за лично на него да му ги пренесат своите забелешки за најавенето надворешно тестирање.
„Со тоа сакаме да воспоставиме дијалог со него, можеби да се изнајдат заеднички почетни точки затоа што ние сме против секаков вид на надворешно тестирање, па затоа сакаме во дијалог, со аргументи на министерот да му посочиме дека е нужно да се направи една дебата во универзитетските рамки“, изјави Стефан Видиков од Студенсткиот пленум.
Ванчо Вранишковски коде ќе напише само кратко писмени студенти, неписмен министер. Тина Поп Христова има подолго објаснување. А зошто е тоа екстерно тестирање и овде ли сакате да го делите народот на партии? Никој не може да ме убеди дека и овде нема да има мучки. Секој нека си е со својот крст на чело, кога ке дојде на ред да се вработи тогаш секој газда сака добар стручњак, па тогаш ќе има оценување на личната способност на личноста. Ова сега е само оптоварување на студентите. Не може еден час екстерно испитување да ја оцени личноста, тоа е само плус уште еден криминал на државата. Наместо тоа треба да се обрне внимание или друг начин на студирање, сличен на средношколскиот. Тогаш, според неа ќе има подобар преглед на студентот за сите поминати години на студии, а не со екстерно.
Коментарите за пораката на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски младите да си дома не стивнуваат. Па така освен што доби најмногу внимание на нашата веб страна и во редовната рубрика на колешката Горица Попова за најкоментираните текстови сега повторно беше актуелна и на фејсбук. Бојан Намчевски вели секако седиме дома без работа. Божо Фиданковски ќе му порача на Николовски тој да си седи дома. Васко Пиличев вели дека ако стават уште некој данок и млади и стари ќе избегаат. Мики Деспотовиќ пак ќе заклучи дека многу е лошо човек од опинци во кондури и сега да кажува. Борче Денковски ќе порача- А вие да дадете оставка. Нели гледате дека народот тоа го сака. Оставка бре вмровци.