Достапни линкови

Дијалогот студенти-влада непочнат, a веќе проблематичен


Министерот за образование Абдулаќим Адеми на првиот академски час на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.
Министерот за образование Абдулаќим Адеми на првиот академски час на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Студентите сакаат дијалог за да аргументираат зошто не треба екстерно тестирање. Власта пак сака дебата за начините на тоа тестирање. Ќе има ли дијалог и меѓу овие две крајно противставени позиции?

Студентите бараат дијалог за да ги изложат нивните аргументи дека какво било надворешно тестирање не треба да се спроведува, а министерството и владата пак се спремни за дебата какво да биде конечното законско решение за проверка на знаењата на студентите.

Со тоа сакаме да воспоставиме дијалог со него, можеби да се изнајдат заеднички почетни точки затоа што ние сме против секаков вид на надворешно тестирање, па затоа сакаме во дијалог, со аргументи на министерот да му посочиме дека е нужно да се направи една дебата во универзитетските рамки.
Стефан Видиков, Студенстки пленум.

Во ваква ситуација се поставува прашањето можен ли е дијалог? Засега и двете страни велат дека сакаат дебата, но за различни прашања, а единствено заеднички им е дека сметаат оти треба да се подобри квалитетот на високото образование.

Студентите бараат Адеми да ги прими во петок за лично на него да му ги пренесат своите забелешки за најавенето надворешно тестирање.

„Со тоа сакаме да воспоставиме дијалог со него, можеби да се изнајдат заеднички почетни точки затоа што ние сме против секаков вид на надворешно тестирање, па затоа сакаме во дијалог, со аргументи на министерот да му посочиме дека е нужно да се направи една дебата во универзитетските рамки“, вели Стефан Видиков од Студенсткиот пленум, кој објаснува и дека тие бараат дебата, но таа да биде транспарентна, а не дебатерите да се повикуваат, како што вели, преку електронска пошта.

Имаше и такви изјави на моменти кои создава мислење дека ние се повлекуваме од оваа идеја, но морам да нагласам дека не е така бидејќи целта е да се отвори дебата за ова прашање и од дебатите да се земат предвид сите оние конструктивни предлози.
Абдулаќим Адеми, министер за образование и наука.

„Ние бараме дебата не во која ќе се зборува во делот на државен испит, туку дебата во која пред се ќе се лоцираат проблемите во високото образование, а потоа ќе се види како може да се интервенира без да се крши ниту еден уставен закон“, вели Видиков.

Засега ваквото барање на студентите се чини дека е далеку од позициите на Министерството за образование. Адеми за Радио Слободна Европа вели дека тие остануваат на ставот дека мора да се воведе надворешна проверка на знаењето објаснувајќи дека таквиот метод имал успех во Чешка, Полска и Унгарија. Тој вели и дека погрешно било мислењето дека се повлекуваат од таквата идеја.

„Имаше и такви изјави на моменти кои создава мислење дека ние се повлекуваме од оваа идеја, но морам да нагласам дека не е така бидејќи целта е да се отвори дебата за ова прашање и од дебатите да се земат предвид сите оние конструктивни предлози. Ние во оваа фаза го правиме токму тоа, ги земаме предвид неколку од предлозите кои што произлегуваат од овие дебати“ вели Адеми.

И премиерот Никола Груевски викендов рече дека за концептот се уште се слушаат сугестии, но дека Владата била решена да воведе некој модел со кој ќе се врши проверка на знаењата стекнати во високото образование. Според нивната работната верзија тестовите ќе ги врши Одборот за акредитација, тие ќе се спроведуваат компјутерски, а резултатите ќе бидат видливи веднаш откако студентот ќе заврши со одговарање на последното прашање.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG