Достапни линкови

Тетовци скептични дека на Шара патролира Илирида


Тетово.
Тетово.

Жителите на Тетово стравуваат, но не за безбедноста, туку дека повторно ќе бидат принудени да бидат дел од некаква политичка или пропагандна манипулација, по информациите дека на Шар Планина се појавиле униформирани и вооружени лица.

Веста дека се појавиле униформирани и вооружени лица на Шар Планина ги вознемири жителите на Тетово, но не за безбедноста туку дека повторно се принудени да бидат дел од некаква политичка или пропагандна манипулација. Ова е ставот на неколкутемина граѓани кои ги анкетиравме, а велат дека веќе препознаваат слични состојби како порано во кои периодично во овој град се случуваат некои настани поврзани со општата безбедност и сигурност.

Слушнав на вести дека има некои униформирани лица, но не верувам. Дури и да е така, тоа е изолирана појава и полицијата треба да се справи со тој случај.
Анкетиран граѓанин на Тетово.

„Јас синоќа слушнав ама не верувам. Не верувам зашто мислам дека е шпекулација, тоа е да го збунат народот.“

Тетово.
Тетово.

„Слушнав на вести дека има некои униформирани лица, но не верувам. Дури и да е така, тоа е изолирана појава и полицијата треба да се справи со тој случај. Најмногу не верувам дека во овие последни години на неколку пати имаше за такви случки, едноставно не верувам.“

„Луѓето се нервираат и на свадби кога се пука, но никој ништо не презема. Се пука на натпревари, на свадби, дури кога партиите имаат средби, но никој ништо не им може“, велат анкетираните граѓани.

Јас мислам дека по 2001 година состојбата е стабилизирана, што се однесува на безбедносен план. Меѓутоа овие вакви инциденти создаваат чувство на небезбедност.
Марин Најдов, пензиониран мајор на Армијата на Република Македонија.

Пензионираниот мајор на Армијата на Република Македонија, Марин Најдов, смета дека народски кажано на граѓаните им е преку глава од вакви случувања. Луѓето не сакаат инциденти кои ќе им го нарушат мирот, а посебно во Тетово каде се соочија практично со воени дејствија, вели тој.

„Јас мислам дека по 2001 година состојбата е стабилизирана, што се однесува на безбедносен план. Меѓутоа овие вакви инциденти создаваат чувство на небезбедност во државата и граѓаните се максимално оптоварени со тоа и тоа дури станува преокупација. Од тие причини мислам дека државата треба да преземе мерки за да не доаѓа до вакви ситуации. Затоа што евидентно е дека граѓаните се оптоварени и државата не би требало да дозволи да бидат оптоварени со такви небитни работи“, смета Најдов.

Од тетовската полиција немаат коментар на прашањето дали е нарушена општата безбедноста. Велат дека ваков случај на појава на униформирани и вооружени лица во текот на 2014-та како и неколку години наназад немаат регистрирано.

XS
SM
MD
LG