Достапни линкови

Дневен печат - Скандали на Манаки, тепачка во суд


Нема ден некоја „слатка“ случка да не ги наполни и печатените и електронските медиуми, а јавноста со задоволство да не ги консумира.

Ќе престанат ли скандалите во Македонија? Зашто, нема ден некоја „слатка“ случка да не ги наполни и печатените и електронските медиуми, а јавноста со задоволство да не ги консумира.

Браќа Манаки во свој филм - Столе Попов отворањето го нарече ’мала селска приредба‘, на што бурно реагираше директорката на фестивалот, Лабина Митевска.
Утрински весник.

Изминатите денови актуелно беше непримерното однесување на режисерот Столе Попов на фестивалот Манаки во Битола. Па, меѓу другите, Утрински наслови: „Браќа Манаки во свој филм - Столе Попов отворањето го нарече ’мала селска приредба‘, на што бурно реагираше директорката на фестивалот, Лабина Митевска“.

Се случи и една тепачка, и тоа во судските ходници, меѓу татковци и синови: „Штерјо и Драган Фершпед се степале со Ружди и Масар Рулетурс“ - објави, меѓу другите, и Вечер.

Го стега ли Брисел обрачот околу Груевски - отворениот и критички тон за проблемите покажува дека Брисел прави посериозен притисок врз Груевски да прифати дијалог за барањата на опозицијата.
Слободен печат.

Во меѓувреме, има и прилично сериозни вести: „Брисел незадоволен од Македонија - над препораката во октомври не виси само грчката блокада, туку и негативните трендови кои го запалија црвеното светло во земјите членки“ - пишува Утрински, а Слободен печат прашува: „Го стега ли Брисел обрачот околу Груевски - отворениот и критички тон за проблемите покажува дека Брисел прави посериозен притисок врз Груевски да прифати дијалог за барањата на опозицијата“.

Вечер ја објавува изјавата на Илија Димовски: „Не се плашиме од опозициските институции кои ги најавува Заев“.

СДСМ излезе со предупредувачки податоци. Утрински ја објави изјавата на пратеникот Николиќ дека „Бројот на ученици се намалува, од 2007 до 2013 бројот на ученици е намален за 27.000“.

Дневник пишува за дилемите за најавата на Невзат Халили за прогласување ’Република Илирида‘ па забележува: „Странски интереси или политички маркетинг“.

Сите медиуми ја следат посетата на премиерот Груевски во Турција во потрага по нови инвестиции. Дневник и Вечер насловуваат: „Турските инвеститори со пофални зборови за условите во Македонија“ и „Турците влегуваат во македонскиот туризам, енергетиката и хемиската индустрија“.

Слободен печат го објавува мислењето на Петар Гошев искажано на јавната дебата за уставните измени, во врска со формирањето финансиски зони: „Македонија ќе стане измеќар на светската мафија“.

Како за крај, немаме само ние „мртви души“ во избирачкиот список. Бугарија ги имала дури еден милион и тие, пред предвремените избори „стануваат главна политичка тема за тоа колку изборите на 5 октомври ќе бидат со релевантни резултати“, пишува Дневник.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG