Достапни линкови

Дневен печат – Пукано во владата, оставките на СДСМ на дневен ред


Инцидентот со повторното пукање во владината зграда и седницата на која треба да се верификуваат оставките на пратениците на СДСМ во парламентот се дел од темите во дневните весници.

По неколку години, случката се повторува: „Проектили од Кале ја стресоа Илинденска“, информира Утрински за инцидентот во вторникот вечерта. „МВР утврдува од какво оружје е пукано во Владата и кои се сторителите“, известува Дневник. Оваа вест ја пренесуваат и Вечер и Слободен печат, а некои интернет портали објавија и фотографии на двете дупки во источниот дел на зградата на Владата направени во новата барокна фасада од бел полиуретан.

Истекува уставниот рок за неоправдано отсуство во Собранието - Вељаноски подготвува седница за одземање на мандатите на СДСМ.
Дневник.

Дали Макстил ќе добие клуч на врата ако до 31 октомври не го монтира филтерот со кој ќе се прочистува чадот од фабриката? Утрински оди со наслов: „Одбројува часовникот за Макстил“ и со објаснување дека сè уште останува нејасно колкав е моменталниот степен на загадување на Скопје од погоните на металуршкиот гигант.

Во Утрински пишува дека во четири од седум државни болници пациентите се жалат дека затоплувањето е минимално или дека воопшто нема греење. Насловот гласи: „Топло-ладно во болниците“. И пак во Утрински читаме за обвинувањата од страна на СДСМ дека „Во народните кујни се дели расипана храна“.

Ахмети ја губи контролата над ДУИ - не прави ништо за да ја намали поделеноста, туку сè повеќе ги фаворизира локалните моќници за кои е сигурен дека обезбедуваат изборна победа, оценуваат партиски извори.
Утрински весник.

Од вторникот во земјава престојува мисија на ММФ за да ја провери способноста на македонската економија за исплаќање на кредитите. Утрински потсетува дека Македонија пред три години зеде кредит од Фондот од 220 милиони евра.

Дневник информира дека „Истекува уставниот рок за неоправдано отсуство во Собранието - Вељаноски подготвува седница за одземање на мандатите на СДСМ“. Од друга страна, по седницата на Извршниот одбор на Партијата, во соопштението што го објавува Утрински се вели дека „Собранието може да ги верификува оставките на пратениците“ без никакво поставување датуми како услов и дека владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичката конфузија во која се наоѓа Собранието. Но Утрински во изданието од четврток го објавува и следново: „Мачна средба на пратениците со Заев - социјалдемократите не се откажаа од бојкотот, но остануваат темните облаци над Бихаќка кои во секое време можат да предизвикаат бура во внатрепартиските редови“.

Вечер информира за средбата Жерновски - Тито Петковски и како наслов ја вади нивната согласност дека: „Опозицискиот блок треба да се прошири“.

Утрински забележува дека „Ахмети ја губи контролата над ДУИ - не прави ништо за да ја намали поделеноста, туку сè повеќе ги фаворизира локалните моќници за кои е сигурен дека обезбедуваат изборна победа, оценуваат партиски извори“.

Вечер како да жали што светските медиуми ја заобиколуваат Македонија: „По Американците и Арапите, и Русите решија да имаат влијание во регионот - отвораат свои телевизиски центри, ама само во Сараево, Белград и во Загреб“. А Нова Македонија забележува: „Простор во медиумите денес главно се добива со 'жолтило' - во преден план се скандалите и трачевите, а креативната работа се маргинализира и потиснува“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG