Достапни линкови

Републиканците со целосна контрола врз Конгресот


Републиканците освоија мнозинство во Сенатот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Републиканците освоија мнозинство во Сенатот

Републиканците победија на изборите за американскиот Сенат и го задржаа нивното солидно мнозинство во Претставничкиот дом. Со тоа тие за прв пат од 2006 година ја имаат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес.

Републиканците победија во најмалку седум клучни држави и сега имаат доволно сенатори за да ја преземат контролата врз горниот дом на Конгресот од демократите. Републиканските кандидати, меѓу другите, победија во Монтана, Колорадо, Западна Вирџинија, Јужна Дакота, Арканзас, Ајова и Џорџија.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, кој беше реизбран во Кентаки, најверојатно ќе го замени демократот Хери Рид како лидер на мнозинството во Сенатот.

Рид му честитал на Меконел за победата, наведувајќи дека гласачите сакаат двете партии да работат заедно. Меконел во победничкиот говор изјави дека е време Соединетите Држави да одат во нов правец.

Вечерва ни кажаа дека може да имаме вистинска промена во Вашингтон, а тоа е токму она што јас имам намера да го испорачам. Значи, пријатели, вечерва е прсвртница и јас гледам една посветла иднина. Американците видоа дека сегашните луѓе во Вашингтон ни нудат да бидеме послаби дома и во странство.
Мич Меконел, лидер на републиканците во Сенатот.

„Вечерва ни кажаа дека може да имаме вистинска промена во Вашингтон, а тоа е токму она што јас имам намера да го испорачам. Значи, пријатели, вечерва е прсвртница и јас гледам една посветла иднина. Американците видоа дека сегашните луѓе во Вашингтон ни нудат да бидеме послаби дома и во странство“, рече 72-годишниот Меконел за време на говорот во Луисвил.

Контролата на републиканците во Сенатот, како и нивното солидно мнозинство во Претставничкиот дом, според политичките аналитичари, ќе му донесе големи тешкотии на претседателот Барак Обама.

Тој треба последните две две години од неговиот втор и конечен мандат да ги мине заедно со Конгрес кој целосно е под контрола на опонентите на сите негови потези и политики.

Сепак, останува нејасно колку тоа ќе донесе и промени за администрацијата на Обама.

Тој има право на вето при донесувањето закони, а демократите во Сенатот можат да користат опструкции за да ги спречат иницијативите на републиканците. Впрочем тоа истото републиканците им го правеа на демократите во изминативе години.

Претседателот Обама не го криеше неговото разочарување поради ваквите пречки во Конгресот и неговиот отпор на политичките игри што мораше да ги води во Вашингтон.

Впрочем, Обама не е единствениот претседател кој се соочува со Конгрес во рацете на друга партија.

Како и да е, со очите свртени кон изборите во 2016 година за негов наследник, Обама е оптоварен и со проблем да го поврати сопствениот, но и имиџот на неговата партија.

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Џон Бонер, побара од Барак Обама двете последни години од неговиот мандат да не презема контра напад врз новото републиканско мнозинство.

Во Соединетите Држави во вторникот се гласаше за сите 435 членови на Претставничкиот дом, за 36 членови од стоте во Сенатот и за 36 од 50 гувернери на сојузните држави.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG