Сенатот во кој мнозинство се демократите на претседателот Барак Обама синоќа го отфрли предлогот на Претставничкиот дом што е под контрола на републиканците за привремено финансирање на владата со кој за една година се одлага примената на законот за здравствено осигурување, познат како Обамакер.
„Ова е многу тажен ден за нашата земја“, изјави лидерот на мнозинството во Сенатот Хери Рид, додавајќи дека „анархистите“ во Претставничкиот дом предизвикале делумно затворање на владата.
„Срамно е што овие луѓе кои се избрани да ја претставуваат земјата всушност ја претставуваат Ти Парти, односно анархистите во земјата, и што мнозинството на републиканците ги следат нивните потези“, рече Рид.
Претходно, Сенатот усвои нов предлог што го врати на разгледување во Претставничкиот дом. Бидејќи тој не беше усвоен до полноќ по источноамериканско време кога стапи во сила новата фискална година, 800 илјади од над трите милиони вработени кои плата примаат од буџетот ќе мора да заминат на принуден одмор.
Неколку часа пред да стапи во сила затворањето на владините служби, Барак Обама потпиша закон со кој американските војници остануваат на служба. И другите важни агенции потребни за националната безбедност, поштата, контролата на летање, граничните контроли и полицијата продолжуваат да работат во полн состав. Сепак, повеќе владини канцеларии, национални паркови, музеи и споменици ќе бидат затворени.
„Затворањето ќе претставува многу реален економски удар врз обичните луѓе. Минатите слични ситуации значително ја нарушија економијата. Оваа исто така“, изјави претседателот Обама, додавајќи дека новиот закон за здравствено осигурување ќе стартува според планираното, односно со почетокот на новата фискална година.
„Овој закон мина во двата дома на Конгресот. Овој закон го има мојот потпис, а Врховниот суд донесе одлука дека е уставен. Овој закон во минатиот ноември не го отповикаа самите гласачи и тој веќе им е од полза на милиони Американци“, рече Обама.
Законот предвидува здравствена грижа за околу 40 милиони Американции кои сега немаат здравствено осигурување. Републиканците во Конгресот сакаа претседателот Обама да се откаже од овој акт, со обрзаложение дека тој претставува закана за економијата и ја ограничува слободата со тоа што бара од повеќето Американци да бидат осигурени.
Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер, синоќа изјави дека ни тој не сакал да дојде до затворање на владата, но оти нешто требало да се преземе против новиот закон за здравствена заштита, бидејќи тој ќе имал поразителни ефекти.
„Ние веруваме дека би требало да ја финансираме владата, но мислиме дека би требало да има основна правичност за сите Американци под Обамакер“, рече Бенер.
Засега никој не знае колку ќе трае делумното затворање на американската влада и колку тоа ќе ја чини економијата.
Слична ситуација се случи во 1995 година, а блокадата траеше три недели. Според некои проценки, само во Вашингтон, каде што има најголема концентрација на федерални службеници, загубите би биле и до 200 милиони долари дневно.
Според аналитичарите, пострашниот дел од сценариото ќе дојде ако Конгресот до 17 овој месец не го покачи нивото на задолжување на федералната влада за 30 милијарди долари.

Затворањето ќе претставува многу реален економски удар врз обичните луѓе. Минатите слични ситуации значително ја нарушија економијата. Оваа исто така.Барак Обама, претседател на САД
Претходно, Сенатот усвои нов предлог што го врати на разгледување во Претставничкиот дом. Бидејќи тој не беше усвоен до полноќ по источноамериканско време кога стапи во сила новата фискална година, 800 илјади од над трите милиони вработени кои плата примаат од буџетот ќе мора да заминат на принуден одмор.
Неколку часа пред да стапи во сила затворањето на владините служби, Барак Обама потпиша закон со кој американските војници остануваат на служба. И другите важни агенции потребни за националната безбедност, поштата, контролата на летање, граничните контроли и полицијата продолжуваат да работат во полн состав. Сепак, повеќе владини канцеларии, национални паркови, музеи и споменици ќе бидат затворени.
„Затворањето ќе претставува многу реален економски удар врз обичните луѓе. Минатите слични ситуации значително ја нарушија економијата. Оваа исто така“, изјави претседателот Обама, додавајќи дека новиот закон за здравствено осигурување ќе стартува според планираното, односно со почетокот на новата фискална година.
„Овој закон мина во двата дома на Конгресот. Овој закон го има мојот потпис, а Врховниот суд донесе одлука дека е уставен. Овој закон во минатиот ноември не го отповикаа самите гласачи и тој веќе им е од полза на милиони Американци“, рече Обама.
Ние веруваме дека би требало да ја финансираме владата, но мислиме дека би требало да има основна правичност за сите Американци под Обамакер.Џон Бенер, лидер на републиканците во Конгресот