Достапни линкови

Обама - буџет за 2012


Американскиот претседател Барак Обама го испрати својот предлог-буџет за 2012 до Конгресот. За прв пат по терористичките напад на 9 септември 2001 се предвидува намалување на воените трошоци на Пентагон и за прв пат намалување на воените и дипломатски трошоци за Пакистан, Авганистан и Ирак. Од друга страна, Стејт Департментот доби мало покачување.

Според американскиот претседател Барак Обама, целта е да се преполови дефицитот до 2013 година, преку намалување на расходите и зголемување на даноците.

„Кога положив заклетва како претседател, ветив намалување на дефицитот на половина до крајот на мојот прв мандат. Буџетот кој денеска го предлагам е на половина мандат и ги исполнува своиоте цели.“
Кога положив заклетва ветив намалување на дефицитот на буџетот за половина до крајот на мојот прв мандат.

Предлогот за 2012 предвидува пораст на дефицитот во 2011 на рекордни 1,6 билиони долари и остро намалување во 2012 за 1,1 билиони долари.
Во предлогот се бара дополнителни 47 милијарди за Стејт Департменот и за Агенцијата за Меѓународна подршка УСАИД. Томас Најдс, заменик-државен секретар за менаџмент и ресурси изјави дека ова зголемување е директно поврзана со националната безбедност:



„Основата на овој буџет е дел од буџетот на американската влада за безбедност. Станува збор за стабилизирање на конфликтните зони, за намалување на опасноста од нуклеарното оружје, за подршка на демократските транзиции, за отворање на глобалните пазари и за заштита на граѓаните во странство.“

Скромното зголемување на предложениот буџет на Стејт Департментот, сепак, не ги одразува посебни трошоци за Авганистан, Ирак и Пакистан. За прв пат, финансирањето на воените и дипломатски активности во овие земји е ставен во посебна категорија насловена како ’вонредни операции‘.“

Станува збор за замена на терминот од ерата на Џорџ Буш
„војна против тероризмот“.

Намалувањето на буџетот на Пентагон оди согласно намалувањето на бројот на војниците во Ирак.

Секретарот за одбрана Роберт Гејтс

Средствата за помош на Европа, Евроазија и Централна Азија, исто така, ќе бидат намалени за 115 милиони во однос на буџетското барање на Обама за минатата година.
Според новиот предлог, намалување е одраз на успешноста на американската помош во последните 20 години и фактот дека неколку земји се цврсто стојат на патот кон членство во евро-атлантските институции.
Овие кратења не ги задоволуваат голем број од опозиционите републиканци кои спредлагаат странска помош да се отстрани целосно, додека САД се соочува со рекорден дефицит.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG