Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во кој мнозинство се републиканците, со 216 гласа „за“ и со 161 глас „против“ го одобри овој
клучен потег за спречување на банкротот на американската влада.
Најмногу гласови за одобрување дојдоа од републиканците, додека членовите од Демократската партија на претседателот Барак Обама беа поделени: 95 за и 95 против. Договорот вечерва беше изгласан и во Сенатот кој е предводен од демократите.
Законот му е испратен на потпишување на претседателот Обама. Според договорот, границата на американскиот долг се покачува за 2,4 билијарди долари.
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека не била среќна со законот, но оти ќе гласа за него за да се избегнат опасностите од можниот банкрот.
„Тешко може да се поверува дека сторивме се што можевме во врска со легислативата што денеска е пред нас. Не сум среќна со неа, но горда сум со некои од постигнувањата што таа ги содржи. Затоа ќе гласам за договорот.“
Демократите во Конгресот се противеа на кратењето на трошоците без
притоа да бидат зголемени даноците за богатите, што не го прифаќаа републиканците.
Американските законодавци мораше до денеска на полноќ да го зголемат должничкиот лимит или, како што велат експертите, американската влада ќе немаше пари да ги плаќа сметките, што можеше да доведе до нови бранувања на американската, но и на светската економија.
Најостра критика за политичките тензии во Вашингтон во врска со американскиот долг дојде од рускиот премиер Владимир Путин кој изјави:
„Земјата живее во долгови и тоа, за една од водечките економии во светот, е многу лошо. Ова значи дека тие не живеат во рамките на нивните можности и дел од товарот на сопствените проблеми префрлаат врз целата глобална економија. До одреден степен, тие се паразити на глобалната економија и имаат монопол врз доларот.“
Инаку, во Претставничкиот дом се појави, а притоа и го даде својот глас за договорот, и конгресменката Габриел Гифордс која во јануари годинава беше тешко ранета.
Tаа беше застрелана во глава од вооружен човек во градот Тусон, Аризона кој во нападот уби шест луѓе. Судијата оцени дека тој бил ментално неспособен за да може да му се суди. Гифордс беше пуштена од болница во јуни.
Тешко може да се поверува дека сторивме се што можевме во врска со легислативата што денеска е пред нас. Не сум среќна со неа, но горда сум со некои од постигнувањата што таа ги содржи.
клучен потег за спречување на банкротот на американската влада.
Најмногу гласови за одобрување дојдоа од републиканците, додека членовите од Демократската партија на претседателот Барак Обама беа поделени: 95 за и 95 против. Договорот вечерва беше изгласан и во Сенатот кој е предводен од демократите.
Законот му е испратен на потпишување на претседателот Обама. Според договорот, границата на американскиот долг се покачува за 2,4 билијарди долари.
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, изјави дека не била среќна со законот, но оти ќе гласа за него за да се избегнат опасностите од можниот банкрот.
„Тешко може да се поверува дека сторивме се што можевме во врска со легислативата што денеска е пред нас. Не сум среќна со неа, но горда сум со некои од постигнувањата што таа ги содржи. Затоа ќе гласам за договорот.“
Демократите во Конгресот се противеа на кратењето на трошоците без
Земјата живее во долгови и тоа, за една од водечките економии во светот, е многу лошо. Ова значи дека тие не живеат во рамките на нивните можности и дел од товарот на сопствените проблеми префрлаат врз целата глобална економија. До одреден степен, тие се паразити на глобалната економија и имаат монопол врз доларот.