Американскиот претседател Барак Обама изјави дека претставници на Демократската и на Републиканската партија во Конгресот постигнале договор за спречување на првиот банкрот на владата во историјата на Соединетите Држави.
Говорејќи во Белата куќа, по синоќешните разговори меѓу двете партии, Обама изјави:
„Постојат уште некои многу важни гласања што треба да ги направат членовите на Конгресот, но сакам да објавам дека лидерите на двете партии во двата дома постигнаа договор со кој ќе се намали дефицитот и ќе се избегне уништувачкиот ефект врз нашата економија.“
Во кусото обраќање, претседателот Обама прецизира дека договорот за подигнување на нивото на американското задолжување од 14,3 билиони долари за да се спречи банкротот мора да биде одобрен од Сенатот и од Претставничкиот дом. Последниот рок е втори август на полноќ.
Во спротивно, Соединетите Држави ризикуваат да не бидат во можност да ги плаќаат нивните сметки. Тоа, пак, ја отвора можноста за нова криза на светските пазари.
Говорот на Обама се случи непосредно пред понеделничкото отворање на берзите во Азија. Веднаш потоа јапонската берза забележа пораст од 1,8 отсто, а раст имаше и кај другите азиски пазари, додека вредноста на американскиот долар скокна спрема вредноста на јапонскиот јен и на швајцарскиот франк.
„Се уште не сме завршиле. Сакам да ги повикам членовите на двете партии да ја направат вистинската работа и да го подржат овој договор со нивните гласови во текот на следните неколку дена. Тоа ќе ни овозможи да се избегне банкрот. Тоа ќе ни овозможи да ги плаќаме нашите сметки и да започнеме да го намалуваме нашиот дефицит на одговорен начин.“
Според Обама, тоа пак ќе доведе до креирање на нови работни места, зголемување на платите и побрз пораст на американската економија.
Според официјални извори од Конгресот, договорениот компромис меѓу републиканците и демократите вклучува и кратења за намалување на американскиот дефицит за околу 2,5 билиони долари во наредните десет години.
Доколку двата дома на Конгресот го усвојат договорот, тоа ќе значи и зачувување на врвниот кредитен рејтинг на Соединетите Држави и ќе се врати довербата во оваа земја на финансиските пазари во светот.

Постојат уште некои многу важни гласања што треба да ги направат членовите на Конгресот, но сакам да објавам дека лидерите на двете партии во двата дома постигнаа договор со кој ќе се намали дефицитот и ќе се избегне уништувачкиот ефект врз нашата економија.