Демонстрирајќи го неговото разбирање за таканаречените социјални медиуми, американскиот претседател Барак Обама за прв пат одржа отворен состонок преку Твитер.
Во внимателно оркестрираниот настан пред публиката присутна во Белата куќа, Обама одговори на 18 прашања избрани од околу 170 илјади што ги испратија корисниците на оваа социјална микроблог мрежа.
Претходно и тој скокна до лаптопот:
„Влегувам во историјата како прв претседател кој остава твит-порака“, изјави Обама во чија твит-порака, која е ограничена на 140 знаци, ги запраша Американците кои трошоци би сакале да бидат скратени, а кои инвестирања да бидат зачувани за да се намали дефицитот.
Обама на поставените твитер-прашања одговараше усно, а тие главно се однесуваа на растечкиот американски долг.
Доколку до последниот рок, 2 август, конгресмените не го покачат лимитот на долгот на земјата кој сега изнесува над 14 билиони долари, владата ќе ги потроши капацитетите за задолжување и не ќе биде во можност да врши плаќања.
Демократите на Обама бараат зголемување на даноците за побогатите Американци, додека републиканците се за масовни кратења на буџетските трошоци, пред се на социјалните програми.
Обама изјави дека неуспехот да се постигне согласност ќе има многу последици.
„Потенцијално, целиот светски пазар на капитал може да реши: Знаете што, целосната кредитна доверба на Соединетите Држави не значи ништо. И така нашата доверба може да се намали, каматните стапки драстично да одат нагоре, а тоа може да предизвика сосема нова спирала која ќе води во втора рецесија или полошо.“
Обама притоа го бранаше неговиот пакет за стимулирање на трошоците и инвестициите од 2009 година како исправен потег, но заклучи дека го потценил обемот на рецесијата.
Во еден од коментарите на твитер, од владата на Обама се бара да престане да им дава пари на земјите кои залудно ги трошат.
Голем број конгресмени бараат кратење на помошта од милијарда долари годишно за Паскистан, особено откако лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во почетокот на мај беше убиен во близина Исламбад.
„Понекогаш луѓето имаат претерано чувство дека трошиме 25 отсто од федералниот буџет за странска помош. Тоа е мал износ кој има големо влијание. И мислам дека за Америка да биде лидер во светот, да има влијание и да помага во стабилизирање на земјите и да им се даде можност на луѓето да не стануваат терористи е паметно да инвестираме во странска помош. Резултатите се повеќестрани и тоа е нешто што дури и во тешки фискални времиња Америка треба да продолжи да го прави“, изјави Обама на твитер-средбата која следеше по априлската со корисниците на социјалната мрежа Фејсбук.
Претходно тој одговраше и на прашања поставени на Јутјуб.
Реакциите на твитер-корисниците за најновиот настан се различни. Некои го опишуваат како уште еден трик во неговата претседателска кампања. Еден корисник, пак, вели дека ако Обама сака да го слушне она што го мислат Американците, тогаш треба да биде домаќин на повеќе вакви твитер дебати. На илјада пати повеќе.

Понекогаш луѓето имаат претерано чувство дека трошиме 25 насто од федералниот буџет за странска помош. Тоа е мал износ кој има големо влијание. И мислам дека за Америка да биде лидер во светот, да има влијание и да помага во стабилизирање на земјите и да им се даде можност на луѓето да не стануваат терористи е паметно да инвестираме во странска помош.