Во Соединетите Држави се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом, чиј мандат трае четири години и за 36 сенатори на кои мандатот им е шест години. Изборите за третина од составот на сенатот се одржуваат на секоја втора година.
Аналитичарите очекуваат републиканците да го задржат или дури да го зголемат нивното солидно мнозинство во Претставничкиот дом.
Сепак, најмногу внимание предизвикуваат изборите за Сенатот. Демократите со двајца сенатори кои им се наклонети имаат мнозинство во овој дом на Конгресот.
И доколку тоа се случи тоа нема занчително да ги смени политичките сметки во Вашингтон. Ние знаеме што постигнавме во изминативе две години од мандатот на Обама. Републиканците треба да решат дали да почнат да дозволуваат работите да одат напред или да ги продолжат опструкциите.Џо Бајден, потпретседател на САД.
Републиканците се надеваат дека ќе успеат да ја преземат контролата од демократите. За да го постигнат тоа, треба да добијат уште шест места во 100-члениот Сенат.
Според анкетите, трката меѓу двете партии била нерешена.
Доколку републиканците ја добијат контролата и во двата дома на Конгресот, според аналитичарите, тоа би го принудило претседателот Барак Обама да ги смени приоритетите на неговата политика и да направи некои персонални измени и тоа во последните две години од неговиот втор и конечен мандат.
Тоа ќе биде најдраматичен политички пресврт откако Обама влезе во Белата куќа во почетокот на 2009 година.
Се прецизира дека на претседателот Барак Обама ќе му биде многу тешко во Конгресот да ги мине законите кои имаат поддршка на демократите.
На ваков став не е американскиот потпретседател Џо Бајден кој во последното интервју за Си Ен Ен изјави дека не очекува демократите да го загубат мнозинството во Сенатот.
„И доколку тоа се случи тоа нема занчително да ги смени политичките сметки во Вашингтон. Ние знаеме што постигнавме во изминативе две години од мандатот на Обама. Републиканците треба да решат дали да почнат да дозволуваат работите да одат напред или да ги продолжат опструкциите“, изјави потпретседателот Бајден.
Иако самиот Барак Обама не учествува во трката, претседатлот стави јасно до знаење дека на изборите гледа како на своевиден референдум за неговата политика.
Белата куќа деновиве се обиде да ги смири најавите за можни остри промени во стратегијата на претседателот Обама по изборите.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Ернст, изјави дека не е умно да се донесуваат заклучоци за резултатите од изборите според тоа во кои држави на последните претседателските избори загубил Обама.
Имено, демократските сенатори се борат за повторен избор во Аљаска, Арканзас, Луизијана и Северна Каролина каде што пред две години Обама беше поразен од републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни.