Достапни линкови

Најмногу коментари за породилното боледување


Плановите породилното боледување да го исплаќаат фирмите, кои потоа ќе треба да се раздолжат со државата предизвикаа бурни реакции во јавноста.

Дали се реални стравувањата дека новиот закон со кој фирмите ќе треба да го плаќаат породилното отсуство, а потоа да се раздолжуваат со Фондот за здравство, ќе ги натера работодавачите да не вработуваат млади жени? Според мислењата на аналитичарите и реакциите во јавноста - стравот е сосема реален. Ирена, веројатно млада жена, на нашата веб-страница само напишала: „Страшно, ужас, пропаст, само уште ова ни фалеше!“

Страшно, ужас, пропаст, само уште ова ни фалеше!
Коментар од читател.

Во Хајд Паркот им поставивме прашање на граѓаните дали во Македонија има услови за одржување Парада на гордоста и дали се почитува различната сексуална ориентација. Прашања со слична содржина сме поставувале и друг пат, и повторно, не се забележува промена во ставовите кај нашите луѓе, со исклучок на многу, многу ретки различни мислења. Ники од Скопје прашањето го гледа од политички агол и смета дека правото на различна сексуална ориентација „изгледа како зафрканција во однос на згазените права на Македонците во Грција и во Бугарија“. Незабеган, исто така, размислува политички, па вели дека владејачката партија спонтано ќе соберела контраши/контра-демонстранти, донесени организирано од други градови со партиски автобуси, бесплатно, се разбира, како што коментира, кои за еден партиски сендвич и мизерна партиска дневница, „спонтано и онака народски и свесно православно-хрисјански ќе ги буткаат тепаат, каменуваат...“ Другите коментари се негативни - Питу Гули, на пример, смета дека сексот е интимна активност и секој, вели, „нека си ја чува за себе, а не на улица со некакви Паради на глупостите.“ Весна од Охрид прашува која била гордоста и вели дека немала да дозволи нејзиното дете да гледа, како што напишала, „расипани луѓе на улица.“ Аце иронизира и коментира дека таква парада треба да има, а зборно место да биде пред споменикот на Александар, како предводник на таквите, а Јане е категоричен: „Каква парада бе, што ви е на вас?“

Има ли во Македонија услови за одржување на Парада на гордоста? Погледнете ја анкетата, а вашиот став можете да го напишете овде.

Хајд Парк - Има ли во Македонија услови за Парада на гордоста?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Инаку, продолжувате да ја коментирате најновата кампања на владата за здрава исхрана, а некако најкарактеристичен од новите коментари е оној на Абракадабра кој напишал: „Јас имам само еден краток коментар за оваа кампања. Грујо, ај јади бурек!!“

Продолжувате да го коментирате и интервјуто на првиот човек на Синдикатите на Македонија, Живко Митревски. Од поновите коментари паѓа в очи оној на Гоше, кој ја анализира состојбата на духот на граѓаните: „Ќе биде така сè додека народот размислува отприлика: Подобро 8050 отколку клошар“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG