Достапни линкови

Хомофобично општество незрело за геј парада


Илустрација.
Илустрација.

Во ситуација на неказнување и премолчување на насилството против ЛГБТИ популацијата, во Македонија нема услови за одржување Парада на гордоста.

Македонија не е зрела за одржување на Парада на гордоста, барем такво е мислењето на повеќето граѓани кои ги анкетиравме. Пред неколку дена кафулето Дамар во старата скопска чаршија беше демолирано за време на одбележувањето на втората годишнина од основањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка. Претходно беше нападнат и Центарот за поддршка, а сторителите сè уште не се пронајдени. Граѓаните велат дека не поддржуваат одржување на геј парада, а воедно стравуваат дека тоа би можело да резултира со инциденти. Ретки се оние кои немаат проблем со организирање на таков настан.

Нема шанси да се одржи, ни треба критична промена за да се одржи.
Анкетиран граѓанин.

„Тоа не би го прифатиле кај нас, би имало бурни реакции и последици на крај.“

„Додека полицијата ја има најголемата власт, нема шанси. Срамота е ова што се случи, и мене ми смета во некој кафиќ што пуштаат некаква музика, ама не одам да го кршам. Е сега, јас можеби сум само еден процент од луѓето што мислат така, другите 99 отсто велат нема да има парада и нема да има, нема шанси да се одржи, ни треба критична промена за да се одржи.“

„Едноставно не ги поддржувам.“

„Менталниот склоп не е достигнат до тој развој. Јас лично ги поддржувам, имам многу другари и апсолутно не ми смета“, велат дел од анкетираните граѓани.

Ги почитуваат ли македонските граѓани луѓето со поинаква сексуална ориентација? Има ли во Македонија услови за одржување на Парада на гордоста? Погледнете ја анкетата и оставете коментар во рубриката Хајд Парк.

Хајд Парк - Има ли во Македонија услови за Парада на гордоста?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Професор Мирјана Најчевска вели дека во Македонија постои ретрограден процес кој е многу видлив, при што прифаќањето на различностите, особено на ЛГБТИ популацијата оди наназад во последните години. Според неа, во одреден момент се сфатило дека нивните права се еднакви со човековите права, но тоа во меѓувреме се променило.

„Меѓутоа во овој последен период на некаков начин се смени целокупното сфаќање на вредносната матрица којашто го определува развојт на нашето општество и во таа вредносна матрица едноставно нема место за што било што излегува надвор од традиционалните вредности“, вели таа.

Според Најчевска, власта многу придонела за нетрпеливоста и хомофобијата во општеството.

„Прво со неказнивоста на говорот на омраза, којшто во последните години доби навистина многу големи размери, второ со сите мерки коишто покажуваат дека се спротивставуваат на таков вид на прифаќање и препознавање на различноста во коешто би можеле да бидат сместени и правата и слободите на луѓето со различна сексуална ориентација“, вели Најчевска.

Таа додава дека и со изјавите на црковните и партиските структури јасно се покажува ориентацијата на неприфаќање на ЛГБТИ заедницата во општеството.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG