Достапни линкови

Амбасадорите ги осудуваат нападите врз ЛГБТИ заедницата


Секоја влада има должност да ги заштити своите граѓани, а не само своите гласачи“, рече в.д амбасадорот на Холандија во земјава, Питер Верхеен.

Дипломатскиот кор во земјава денеска го осуди нападот врз кафулето Дамар во старата скопска чаршија за време на одбележувањето на двегодишнината од формирањето на Центарот за поддршка на ЛГБТИ заедницата. Воедно тие повикаа властите што побрзо да ги најде сторителите и да го расчистат инцидентот. Група насилници пред неколкудена го демолираа Дамар, при што врз гостите на кафулето фрлаа камења и шишиња и повредија две лица.

Ние сме апсолутно сигурни дека властите во земјата ќе спроведат ефективна истрага со цел да ги најдат напаѓачите на ЛГБТИ заедицата, не само напаѓачите од последниот напад, туку и на другите напади и се надеваме дека тоа ќе се направи ефикасно и брзо.
Аиво Орав, евроамбасадор.

Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека ЕУ се заоснава врз вредностите на човечкото достоинство, слободата, демократијата, владеењето на правото и почитување на човековите права.

„Ние сме апсолутно сигурни дека властите во земјата ќе спроведат ефективна истрага со цел да ги најдат напаѓачите на ЛГБТИ заедицата, не само напаѓачите од последниот напад, туку и на другите напади и се надеваме дека тоа ќе се направи ефикасно и брзо“, вели Орав.

Аиво Орав.
Аиво Орав.

Орав не сакаше да даде проценка во врска со тоа дека се уште не се пронајдени сторителите за инцидентот во Дамар, но и останатите напади.

„Мислам дека секоја истрага се разбира дека одзема време. Јас сум сигурен дека властите ќе дадат максимум се со цел да ги најдат напаѓачите“, рече Орав.

Морам да кажам дека оваа влада мора да преземе дејстија се со цел да ги донесе напаѓачите пред лицето на правата, имајќи во предвид дека ова е веќе шести напад.
Питер Верхеен, в.д. амбасадор на Холандија во Македонија.

В.д амбасадорот на Холандија во земјава, Питер Верхеен истакна дека ја поддржуваат ЛГБТИ заедницата ширум светот и тоа треба да го направи и Македонија. Според него, секоја влада има должност да ги заштити своите граѓани, а не само своите гласачи. Должност е на секое малцинство, како што додава тој, да го штити секое друго малцинство во земјата.

„Морам да кажам дека оваа влада мора да преземе дејствија се со цел да ги донесе напаѓачите пред лицето на правата, имајќи во предвид дека ова е веќе шести напад и во текот на другите напади имаме побарано од владата да се преземат дејствија, се надеваме дека овој пат владата ќе преземе дејствија“, изјави Верхеен.

Орав вели дека сексуалната ориентација се уште продолжува да се користи како оправдување за сериозно прекршување на човековите права ширум светот.

„Луѓето од ЛГБТИ претставуваат ранлива група, тие продолжуваат да бидат жртви на прогон, на дискриминација и исто така на екстремна употреба на сила ширум светот. Припадниците на ЛГБТИ треба да ги уживаат сите човекови права, како и сите други поединци“, рече Орав.

Од Хелсиншкиот комитет уште еднаш порачаа дека ЛГБТИ заедницата била нападната 6 пати и досега не е разрешен ниту еден случај. Претставниците на Центарот за поддршка потенцираа дека нападот врз Дамар не бил само напад врз ЛГБТИ заедницата, туку и врз активисти за човекови права. Центарот за поддршка го посетија и амбасадорките на Франција и на Германија, како и претставници на американската, британската и други амбасади во земјава.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG