Политичкото мешање, заканите од комерцијални интереси и испреплетените политички-бизнис интереси се закана за слободата на медиумите, покажало истражувањето кое беше презентирано денеска на дводневниот форум за медиумите во Југостоична Европа што се одржува во Скопје.
Севкупно земено можеме да видиме дека имаме повеќе видови на закани со различна силина во различни земји, но мислам дека главниот резултат од нашата студија е дека тие се заеднички секаде.Еугенија Сиапера, професор.
Според професор Еугенија Сиапера, која го презентираше истражувањето, никој од новинарите не е заштитен и резултатите се депримирачки.
„Севкупно земено можеме да видиме дека имаме повеќе видови на закани со различна силина во различни земји, но мислам дека главниот резултат од нашата студија е дека тие се заеднички секаде, дека постојат секаде и дека ги засегаат сите видови на новинари, како во јавниот, така и во приватниот сектор, во сите медиумски индустри, фриленсерите и оние кои работат постојано, значи секој“, изјави Сиапера.
Според неа, има примери на физичко насилство, закана за физичко насилство и за судски процеси, кои подоцна новинарите никогаш не ги добиваат. Честа е и дискредитацијата на новинарите со разни етикети, како и сексуалното вознемирување. Проблем се и високите судски трошоци кои не се само стрес за новинарите, туку се доведува во прашање на опстојувањето на медиумите, кои пак се зависни од рекламите.
Сето ова покажува дека без разлика колку е добар законот како таков, можно е да постојат и други надворешни фактори кои можат да придонесат до чилинг ефект, поради келеветата.Скот Грифин, Меѓународeн институт за печат.
„Меѓутоа во најголем дел парите се користат за да се контролираат изворите на приходите, особено рекламите, значи тоа е најчеста форма на контрола - ти нема да добиеш пари од нас, освен ако не си добар со нас.“
Скот Грифин од Меѓународниот институт за печат, кој ги истражувал законите за клевета и навреда се осврна и на случајот во кој неделникот Фокус беше осуден за клевета, при што нагласи дека казната е висока за македонскиот стандард. Тој напомена и дека биле запознаени и со контрадикторноста на судските одлуки за исти случаи.
„Сето ова покажува дека без разлика колку е добар законот како таков, можно е да постојат и други надворешни фактори кои можат да придонесат до чилинг ефект, поради келеветата“, изјави Грифин.
Грифин порача дека 23 земји членки на ЕУ ја третираат клеветата како кривично дело. Според него, 20 земји пак имаат и затворски казни за клевета од просечно времетраење од две години. Додека во 14 земји членки на ЕУ има новинарите осудени за клевета.