Достапни линкови

Владини реклами за сервилност на медиумите


Забрана за политичко рекламирање за подобрување во медиумската сфера
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

Забрана за политичко рекламирање за подобрување во медиумската сфера

Државното рекламирање е најефикасниот механизам за одржување на сервилноста на медиумите, се наведува во извештајот за интегритетот на медиумите на МИМ.

Да се забрани платеното политичко рекламирање и државното огласување во медиумите, радијата и телевизиите да ги објавуваат поединечните извори на рекламирање, редовно да се објавуваат податоци за сопственоста на медиумите и да има независно следење на нивните финансии. Во однос на новинарските практики, потребно е јакнење на саморегулацијата, јакнење на професионалните новинарски и медиумски организаци, особено на синдикатот, како и развој на образованието за новинари и независни истражувања на медиумската сфера.

Големиот број активни медиуми коишто постојат речиси во сите земји од регионот на Југоисточна Европа во никој случај не укажува на медиумски плурализам, туку напротив, тоа претставува своевидно вештачко одржување на механизмите на влијание врз политичките одлуки.
Билјана Петковска, директорка на МИМ.

Ова се дел од препораките во извештајот „Зошто е важен интегритетот на медиумите - враќање на јавниот интерес во работата на медиумите и во новинарството“. Регионалниот извештај го изработи Мировниот институт, Институт за современи социолошки и политички студии од Љубљана, а делот што се однесува на Македонија го изработи Македонскиот институт за медиуми.

Препораките за државното рекламирање доаѓаат, откако во извештајот се констатира дека државното рекламирање е најефикасниот механизам за одржување на сервилноста на медиумите и оти критичкото новинарство е преселено на интернет.

Имаме сведоштва за директен упад во уредувачката политика во којшто за секоја објава се јавуваат политички претставници, односно актери, за да реагираат за конкретните содржини.
Игор Мицевски, МИМ.

Директорката на МИМ, Билјана Петковска, вели дека многу медиуми не значат слободни медиуми и оти сопствениците на медиумите го поседуваат јавното мислење.

„Заклучокот е дека големиот број активни медиуми коишто постојат речиси во сите земји од регионот на Југоисточна Европа во никој случај не укажува на медиумски плурализам, туку напротив, тоа претставува своевидно вештачко одржување на механизмите на влијание врз политичките одлуки“, вели Петковска.

Еден од авторите на извештајот, Снежана Трпевска, вели дека во Македонија има еден своевиден парадокс, односно како што се подобруваа законите за медиумската сфера, слободата на медиумите се намалуваше.

„Парадоксално е тоа што во периодот кога нашите закони беа порестриктивни, помалку усогласени со европските стандарди, кога, ако се сеќавате, во првиот период владата ги доделуваше концесиите, дозволите, ние имавме послободна медиумска сфера, значи така се изјаснија самите новинари. Како што се подобруваа законите, според стандардите на ЕУ, и медиумите и регулаторот стануваа сè позависни. Значи, ова се случуваше од 2005 година наваму, не зборувам само за последниот закон“, вели Трпевска.

Другиот автор на извештајот, Игор Мицевски, вели дека новинарите се држат под притисок со ниските плати и несигурните работни места. Покрај автоцензурата на новинарите за која и досега сме зборувале, на сцена е вратена и бруталната цензура, вели тој.

„Имаме сведоштва за директен упад во уредувачката политика во којшто за секоја објава се јавуваат политички претставници, односно актери, за да реагираат за конкретните содржини“, вели Мицковски.

Во извештајот се наведува дека без структурни трансформации во политичкиот систем, не може да се очекуваат значителни промени во медиумскиот систем и спроведувањето на медиумските политики.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG