Достапни линкови

Москва забрани размена на студенти со САД


Руски студенти учесници во FLEX програмата за размена на студенти.
Руски студенти учесници во FLEX програмата за размена на студенти.

Руската влада да го запре своето учество во популарна американска програма која финансира размена на ученици. Одлуката доаѓа во време на затегнати односи меѓу Русија и Западот поради кризата во Украина.

Поранешни, сегашни и потенцијални учесници во популарна американска програма која финансира размена на ученици, се жалат на одлуката на руската влада да го запре своето учество во програмата која трае со децении. Одлуката доаѓа во време на затегнатите односи меѓу Русија и Западот поради кризата во Украина.

„Политика си е политика, но ова беше неверојатно искуство. Многу е разочарувачки што другите нема да добијат ваква можност.
Ана Шалашина, 25-годишна жителка на Москва.

„Политика си е политика, но ова беше неверојатно искуство“, вели Ана Шалашина, 25-годишна жителка на Москва, зборувајќи за годината помината во САД во рамки на американската програма „Размена на идни лидери“ или популарно наречена FLEX.

„Многу е разочарувачки што другите нема да добијат ваква можност“, вели Шалашина.

Русија на 30 септември ја информираше американската амбасада во Москва дека во учебната 2015/2016 година ќе го стопира своето учество во FLEX програма, преку која средношколци од поранешните советски републики одат да учат во САД, соопшти американски амбасадор во Русија, Џон Тефт.

Во текот на изминатите 21 години, повеќе од 8.000 руски ученици посетуваа средно училиште во САД и живееја кај американските семејства, се наведува во соопштението на амбасадорот Тефт.

„Тие млади Руси ја играа улогата на културни амбасадори, претставувајќи им го најдоброто од Русија на милиони Американци низ сите 50 држави“, вели тој.

Тие млади Руси ја играа улогата на културни амбасадори, претставувајќи им го најдоброто од Русија на милиони Американци низ сите 50 држави.
Џон Тефт, амбасадот на САД во Русија.

Руската одлука предизвика низа реакции, како кај учениците, така и на социјалните медиуми. На Твитер почна кампања под хаштагот #RussiaWantsFlexBack, односно Русија го сака FLEX назад.

Американскиот амбасадор во Москва, Џон Тефт.
Американскиот амбасадор во Москва, Џон Тефт.

„Тие само ми го одзедоа сонот. Благодарам. Јас бегам од тука штом ќе добијам шанса“, напиша еден Твитер корисник кој вели дека е од Екатеринбург.

Од Русија со „безгранична љубов“

Програмата за размена на ученици е финансирања од американскиот Стејт департмент. Таа започнала да функционира во 1992. Целта е да се испраќаат тинејџерите од поранешните советски републики да поминат една година во средните училишта во САД.

Тие само ми го одзедоа сонот. Благодарам. Јас бегам од тука штом ќе добијам шанса.
Коментар на твитер.

Повеќе од 20.000 ученици досега учествуваат во програмата. Освен ученици од Русија, таа вклучува и тинејџери од Ерменија, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан и Украина.

Некои од учесниците во размената велат дека годината помината во САД е животно искуство.

„Англискиот ми стана како втор мајчин јазик, а јас станав друг човек“, напишала на руската социјална мрежа „В-контакте“, Екатерина Бородина, 18-годишна студентка на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Марина Малхина, која денеска е претседател и извршен директор на Центарот за истражување на пазарот во Москва, изјави дека со тоа што ја поминала учебната 1994/1995 во Орегон, не само што го подобрила својот англиски јазик и културно разбирање, туку тоа ѝ помогнало и во осамостојувањето.

„Се разбира дека е жално што оваа можност нема да постои, но се надевам дека ќе се врати во одреден момент во иднина“, изјави триесет и петгодишната Малхина.

Објаснувањето на Москва

Рускиот Народен правобранител за детска заштита, пак, вели дека една од причина за запирањето на програмата е што руски средношколец додека бил дел од програмата бил под старателство на американска истополова двојка.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG