Достапни линкови

„Страшило“ во Русија, нов амбасадор на САД


Џон Тефт
Џон Тефт

Во Соединетите Држави тој е познат како високо професионален дипломат кој тивко си ја врши работата. Во Русија, пак, на него гледаат како на диригент на обоените револуции во Грузија и Украина. Сега Џон Тефт изгледа ќе оди во Москва како нов американски амбасадор.

Во Москва го нарекуваат експерт за менување режими, дипломатски диверзант испратен од Вашингтон да поттикнува нереди во соседните земји на Русија.

Претседателот Барак Обама го наименува Џон Тефт за иден амбасадор во Москва која, според последните информации, веќе го одобрила неговото назначување.

Сега, како што изгледа, тој заминува за Москва, а некои тамошни политичари предупредија дека тој би можело истото да го проба и во нивната земја.

Претседателот Барак Обама го наименува Џон Тефт за иден амбасадор во Москва која, според последните информации, веќе го одобрила неговото назначување.

Доколку извештаите се точни, ветаранот Тефт ќе биде во Русија во време на никогаш позаладени односи меѓу двете земји од крајот на Студената војна, а поради ситуацијата во Украина.

Во Русија добиваме специјалист, не само за субверзивни акции на така да кажам „мирно менување“ на режими, туку и кој е добро информиран за тоа како тероористите работат под нечие туѓо знаме.
Вероника Крашењинкова, членка на руската Јавна комора.

„Во Русија добиваме специјалист, не само за субверзивни акции на така да кажам „мирно менување“ на режими, туку и кој е добро информиран за тоа како тероористите работат под нечие туѓо знаме“, вели Вероника Крашењинкова, членка на руската Јавна комора.

Сомневањата на Москва во 64-годишниот Тефт, кој е специјалист за постсоветскиот свет, се поттикнати од неговото служење како главен американски дипломат со прозападните влади на Украина и Грузија кои дојдоа на власт по таканаречените обоени револуции за кои Кремљ го обвини Вашингтон.

Тефт одигра видлива улога во американскиот одговор на Портокаловата револуција во Украина во 2004 година, по што замина за амбасадор во Грузија кога таа земја накратко завојува со Русија во 2008 година.

Претходно Тефт ја обвини Русија дека дирктно им помага на грузиските сепаратисти.

По заминувањето од Тбилиси, Обама во 2009 го постави Тефт за свој пратеник во Украина каде што прозападниот претседател Виктор Јушченко загуби од прорускиот кандидат Виктор Јанукович.

Иако мандатот на Тефт во Киев заврши кога избувнаа немирите во ноември лани, приврзаниците на Кремљ го обвинија дека ја поставил основата за отстранувањето на Јанукович.

Тефт исто така беше и амбасадор во Литванија од 2000 до 2003 година, период во кој, според московските медиуми, во таа земја пораснало непријателството спрема Русија.

Кога неговото име годинава се појави како можен амбасадор во Москва, руските и американските аналитичари оценија дека тоа е сигнал во намерата на Обама да ја продолжи политиката на минимизирање на соработката со Москва поради кризата во Украина.

Рускиот амбсадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин оцени дека Тефт е искусен дипломат кој ги разбира проблемите во тој регион.

Неговиот мандат во Москва, според познавачите, многу ќе се разликува од оној на неговиот претходник Мајкл Мекфол, кој како клучна алатка во амбасадорувањето го имаше Твитер.

„Џон Тефт порасна во свет каде што тивката дипломатија меѓу владите беше нормална работа“, вели еден официјален американски претставник, додавајќи дека ако ништо друго, сега ќе има помалку пораки на Твитер од Москва.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG