Достапни линкови

Кога парадата е воено злосторство?


Доњецк
Доњецк

Парадата на украинскиот воени затвореници низ улиците во источна Украина под присилба на про-руските сепаратисти згрози многумина. Но, дали тоа e кршење на меѓународното право?

Кога украинските војници заробени од про-руските сепаратисти маршираа низ улиците на Донецк во текот на викендот следени со бајонетите на сепаратистите, толпата се потсмеваа, проколнува, навредува.

Ако ова е меѓународен вооружен конфликт, ова дефинитивно се чини дека е јасно ѝ е прекршување на Женевската конвенција.
Дејвид Глазиер, експерт по меѓународно право на Правниот факултет Лојола во Лос Анџелес.

Тоа беше спектакл што шокираше многумина, вклучувајќи активисти за човекови права кои сметаат дека процесијата е јасно кршење на правилата на Женевската конвенција за третман на воени затвореници.

Но, дали принудниот марш е воено злосторство и не е толку јасно, велат експерти по меѓународно право. Двосмисленоста лежи главно во начинот на класификацијата на конфликтот во Украина, вели Дејвид Глазиер експерт по меѓународно право на Правниот факултет Лојола во Лос Анџелес.

„Ако ова е меѓународен вооружен конфликт, ова дефинитивно се чини дека е јасно ѝ е прекршување на Женевската конвенција“, вели за маршот, Глазиер.

„Проблемот е ако тоа не е меѓународен вооружен конфликт, тогаш е многу потешко да се исполни стандар и тоа не е јасно“.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст, како чувар на Женевските конвенции, ја нарече војната во Украина „не-меѓународен вооружен конфликт.“

Киев и западните влади, пак, ја обвинуваат Русија за обезбедување оружје и друга поддршка на бунтовниците во источна Украина што Москва го негира.

„Дури и ако на конфликтот се гледа како на војна меѓу Украина и Русија ,сите воени злосторства не се исти'“, вели експертот за воени закони Мајкл Шарф, декан на „Western Reserve“ Универзитетот.

Дури и ако на конфликтот се гледа како на војна меѓу Украина и Русија "сите воени злосторства не се исти

Имено таканаречената „Јавна љубопитност“ не е сериозно кршење на Женевските конвенции, кои вклучуваат кривични дела како „намерно убиство„ и „тортура и нечовечки третман“, вели Шарф. Ниту Русија, ниту Украина, ниту САД се потписници на Меѓународниот Кривичен Суд, иако Киев ја прифати надлежноста на судот за злосторства извршени на украинската територија меѓу 21 ноември, 2013 година и 22 февруари, 2014 година.

Заменик-директор на Хјуман рајтс воч Рејчел Денбер на Твитер напиша дека принудниот марш на затворениците во Доњецк е недвосмислено кршење на член 3 од Женевските конвенции, бидејќи е понижувачки третман.

Тоа го вели и Тања Локшина од канцеларијата на ХРВ во Москва.

„Таканаречената парада на затворениците во Донецк не е само гаден чин од човечка гледна точка, туку е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право“, вели Локшина за РФЕ / РЛ.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG