Добар и позитивен сигнал е тоа што Македонија политички е дел од коалицијата за борба против Исламската Држава во Ирак и во Сирија, вели претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.
Во оваа фаза додека нападите ги водат Соединетите Американски Држави, со тоа што се воздушни напади, тука Република Македонија тука апсолутно нема потенцијал и не може да се вклучи, но во ова фаза мислам дека е доволно што политички ја поддржува.Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет на Македонија.
Овој коментар следува откако Mинистерството за надворешни работи соопшти дека земјава политички е дел од коалицијата, но дека за практичната поддршка во тек се разговори меѓу партнерите, и дека одлуките за видот и големината на придонесот ќе се носат согласно приоритетите и можностите на секоја земја учесник. Според него, од земјава не може да се очекува значителен практичен придонес, освен логистичка поддршка и размена на информации со земјите од регионот.
„Во оваа фаза додека нападите ги водат Соединетите Американски Држави, со тоа што се воздушни напади, тука Република Македонија тука апсолутно нема потенцијал и не може да се вклучи, но во ова фаза мислам дека е доволно што политички ја поддржува“, вели Рамадани.
Од Македонија не треба да се очекува дека во оваа антитерористичка коалиција ќе учествува директно со свои сопствени сили и средства, туку пред се размена на информации со земјите од антитерористичката коалиција во смисла на тоа каде и како е може тие да дејствуваат.Благоја Марковски, воен аналитичар.
Воениот аналитичар Благоја Марковски вели дека постојат два начина на кои Македонија може да се вклучи во практичната поддршка во борбата против Исламската држава. Прво преку директно вклучување на земјава во борбените дејствија на територијата на Исламската Држава или преку оневозможување на активностите на терористичките структури преку размена на информации и прекинување на комуникациските врски за дејствување на терористичките организации во или надвор од земјава.
„Од Македонија не треба да се очекува дека во оваа антитерористичка коалиција ќе учествува директно со свои сопствени сили и средства, туку пред се размена на информации со земјите од антитерористичката коалиција во смисла на тоа каде и како е може тие да дејствуваат“, вели Марковски.
Марковски истакнува дека тероризмот од меѓународни рамки ги загрозува безбедноста и мирот на глобално ниво, па оттука и не е исклучено проширување на нивните дејствија во земјава. Потенцира дека Македонија има можности со нејзиното вклучување во оваа коалиција не само политички туку и практично да им се спротивстави на овие структури.
„Македонија има можности да се вклучи во оваа антитерористичка коалиција, не само политички да ги поддржува овие активности, туку и директно да учествува со свои активности во смисла на создавање услови за оневозможување на дејствување на терористичките групации во непосредното опкружување на Република Македонија, но и внатре во државата.“
Повеќето експерти се согласни дека Македонија не може да учествува во офанзивни операции, а доколку практично се вклучи во коалицијата против милитантите на Исламската Држава, тоа би било само како дел од операција за постконфликтно уредување на просторот, бидејќи досегашната пракса покажува дека македонските власти биле склони кон донесување политички одлуки за испраќање на војници во тие подрачја.