Минаа само шест месеци откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович го напушти Киев, а веќе тешко некој се сеќава каде сето ова почна.
Замислена како противтежа на Европската унија, Путин се надеваше дека Евроазиската економска унија ќе биде нов геополитички пол кој ќе балансира меѓу Брисел и Пекинг.
Во сегашната уништувачка кампања предводена од проруските сепаратисти, би било тешко за потсетување што пред неколку месеци го предизвика ваквиот бес и зошто дојде до оваа катастрофа.
Иако се спомнуваат многу причини, од наводното мешање на НАТО, до потребата на Кремљ да ја зацврсти популарноста, една од најважните е улогата на Евроазиската унија на претседателот Владимир Путин.
Замислена како противтежа на Европската унија, Путин се надеваше дека Евроазиската економска унија ќе биде нов геополитички пол кој ќе балансира меѓу Брисел и Пекинг.
Поранешниот американски амбасадор во Москва Мајкл Мекфол оцени дека Евроазиската унија е најважниот надворешно политички проект на Путин.
Природно, Русија би го предводела тоа постсоветско групирање чие јадро би го сочинувале Белорусија, Казахстан и најважната од сите Украина.
Поранешниот американски амбасадор во Москва Мајкл Мекфол оцени дека Евроазиската унија е најважниот надворешно политички проект на Путин.
Иако Белорусија и Казахстан станаа дел од Унијата, таа нема никаква тежина без Украина.
Нејзиниот старт е најавен за 1 јануари идната година и според оценката на Путин, таа ќе донесе нова епоха.
Но, без учеството на Украина, Евроазиската унија, не може да биде, како што посакува Путин, нов геополитички пол.
Се чини дека токму тоа почна и другите да ги оддалечува од Русија.
Минаа скоро три месеци од потпишувањето на основачките документи за Евроазиската унија, а веќе се појавија извесни сомневања и проблеми.
Казахстан го отфрла членството на Ерменија во Унијата поради спорот со Нагорно Карабах.
Киргистан, кој полека се одвикна од руските заеми, постојано го одложува тајмингот за исполнување на барањата за членство во Унијата.
Трите постсоветски земји Азербејџан, Узбекистан и Туркменистан покажуваат мал интерес да го потпишат договорот за приклучување.
А, сите надежи што Путин можеби ги имаше да ја привлече Украина умреа со одлуката на Киев во јуни конечно да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија.
Но, тоа не е се. Како што Русија ќе се дистанцира од Западот, така Москва повеќе ќе смета на поддршката од неколкуте земји кои останаа во нејзината прегратка.
Едноставно тие стануваат позначајни за руските енергетски и безбедносни интереси.
Веќе се појавија и првите несогласувања кога и Казахстан и Белорусија јавно соопштија дека нема да и приклучат на Русија во ембаргото на прехранбени производи од Западот.
Царинската унија, според оценките на аналитичарите, изгледа дека полека почна да ја губи толку посакуваната важност.