Достапни линкови

„Соседска патрола“ за подобра безбедност во Куманово


„Соседска патрола“ e заедничко патролирање на граѓаните и полицијата за да се воспостави комуникација, доверба и прибирање информации за спречување и откривање казниви дела.

Безбедноста во Куманово подолг период не е екстремно нарушена. Кривични дела или прекршоци постојат, особено во областа на сообраќајот, меѓутоа во соработка со граѓаните безбедноста може да се подигне на повисоко ниво, велат од Одделението за превенција во Секторот за внатрешни работи во Куманово.

Од истражувањата и анкетите што ОБСЕ ги прави секоја година довербата на граѓаните во полицијата од година во година во запознаеноста на работата на полицијата, особено во превентивниот дел е во зголемување.
Виолета Богдановска, Одделение за превенција во Секторот за внатрешни работи во Куманово.

Во тек е и реализација на проектот „Соседска патрола“ на МВР, а тоа според Виолета Богдановска од кумановската полиција, подразбира заедничко патролирање на граѓаните и полицијата по безбедносни реони, за да се воспостави комуникација, меѓусебна доверба и прибирање податоци и информации за спречување и откривање казниви дела.

„Од истражувањата и анкетите што ОБСЕ ги прави секоја година довербата на граѓаните во полицијата од година во година во запознаеноста на работата на полицијата, особено во превентивниот дел е во зголемување“, вели Богдановска.

Па ако зборуваме за сообраќајниот хаос треба повеќе работа. Можеби и од Општината, ама и полицијата треба да преземат нешто. Не сум возач, но гледам што се се прави по улиците.
Ристо Даутовски, пензионер.

Пензионерот Ристо Даутовски еден од вклучените граѓани во заедничките патроли вели дека има доверба и соработува со полицијата.

РСЕ: Што е тоа што ви пречи во работата на полицијата?

„Па ако зборуваме за сообраќајниот хаос треба повеќе работа. Можеби и од Општината, ама и полицијата треба да преземат нешто. Не сум возач, но гледам што се се прави по улиците.“

Во „Соседска патрола“ учествува и Тони Трајковски советник во општинскиот Совет, кој смета дека со овие активности многу проблеми ќе бидат надминати.

„Со една организација „од дома“ резултати ќе има. Апсолутно.“

„Луѓето треба да сфатат дека со соработка со полицијата граѓаните им даваат смерници каде има потешкотии кои побрзо и полесно ќе се решаваат“, вели Ристо Бошков.

Меѓутоа граѓаните кои живеат во централното градско подрачје и на најфреквентните сообраќајници често пати се жалат дека немаат мир. Особено во ноќните часови кога освен возила со гласна музика како муви прелетуваат и мотоцикли, а вревата од ноќните шетачи се смета и за нормална појава. За ова Слободан Кириловски вели:

„Сигурно има некоја законска регулатива која треба да се почитува и ништо повеќе.“

Полицаецот Бобан Арсовски објаснува дека по телефонски пријави на граѓани за тие проблеми се ангажираат повеќе полицајци во централното градско подрачје.

„Мислам дека од надлежните се санкционира тоа и дека тие санкции ќе помогнат.“

Неизвесно е дали санкциите ја намалуваат вревата и недоличното однесување на учесниците во сообраќајот, но како што велат граѓаните за пофалба е и тоа што се преземаат мерки.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG