Континуитет во егзистенцијата на манастирот Трескавец, од античко доба од 2 пред наша ера, па во 17 фази сè до 19 век, се откриени со заштитните истражувања на овој комплекс, коишто се реализираа од април годинава,а завршија деновиве.
Најраната етапа се поврзува со претпоставената егзистенција на населбата Колобаиса, каде што има сведоштво за постоење на храм на Аполон и Артемида.Бранислав Ристески, раководител на археолошките истражувања на Трескавец.
Ексклузивитетот на овие откритија се потврдува со трагите на античката населба Колобаиса, којашто егзистирала од 2 век п.н.е. до 2 и 3 век од н.е. За неа со децении имаше претпоставки на научниците. Потврдено е постоењето на монашки живот во манастирот во три фази од 12 до 14 век и конаци што се датираат од 13 и 14 век. Откриени се 60 гробови во црквата ’Успение на Пресвета Богородица‘ и 20 други на просторот од манастирскиот комплекс.
Корекциите беа несуштински на решенијата дадени во конзерваторскиот проект, меѓутоа во некои детали на решавање на покривите.Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и Музеј.
„Најраната етапа се поврзува со претпоставената егзистенција на населбата Колобаиса, каде што има сведоштво за постоење на храм на Аполон и Артемида. Со оваа фаза откривме остатоци кои се поврзани со јужните сегменти од населбата, со тоа што има сериозни индиции да се доистражи севкупната планиметрија на оваа населба. Втората клучна етапа е поврзана со доцно античкиот период, каде што се констатирани остатоци од бедемски ѕид“, вели доктор Бранислав Ристески, раководител на археолошките истражувања на овој локалитет.
Според Ристески, овој ѕид е дел од доцноантичка населба, поточно бедем на ремоделираната населба Колобаиса. Монашката населба од 12 до 14 век се става во релација со егзистенцијата на средновековен Прилеп. За сето ова има бројни материјални докази, освен градби, керамички и метални предмети, кои ја раскажуваат приказната за постоењето на животот во Трескавец, којшто, смета Ристески, бил балканско, културно и религиско средиште. Според него, на 80 отсто од површината се реализирани истражувањата и се речиси завршени. Сепак, има основи овие заштитни истражувања да бидат база за еден капитален проект којшто ќе ја открие целосно вистината за овој археолошки културен локалитет, којшто, пак, има култна важност за православието во Пелагонија, особено за прилепчани.
Од друга страна во тек се и активностите за повторна изградба на опожарените манастирски конаци на 4 февруари минатата година.
„Комисијата испрати извештај со забелешки на проектот, тие се направени во овој период. Корекциите беа несуштински на решенијата дадени во конзерваторскиот проект, меѓутоа во некои детали на решавање на покривите. Сè тоа предизвика промени и во статичкиот проект и со сите направени корекции е испратен во Националниот конзерваторски центар на повторно разгледување пред комисијата. Се надеваме дека до септември ќе го имаме и конзерваторското одобрение за да можеме да објавиме тендер“, изјави Гордана Данилоска Спироска, директор на прилепскиот Завод и Музеј.
Годинава треба да финишираат и проектите за конзервација и реконструкција на црквата и трпезаријата и проектот за санација, конзервација и реконструкција на магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата. Трите проекти со 15 милиони денари се финансирани од Министерството за култура.