Достапни линкови

Дневен печат - Ќе има ли „промена на дрес“ во Општина Центар


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Една од главните дилеми во дневните весници е дали СДСМ и ЛДП ќе го загубат мнозинството во Општина Центар, односно дали нивни советници ќе преминат на страна на ВМРО-ДПМНЕ;

Дали СДСМ и ЛДП ќе го загубат мнозинството во Центар, една од ретките општини каде што е на власт опозицијата? Ова е главното прашање што ги интересира медиумите до петок, кога на гласањето ќе се види дали претседавачот Шиповиќ ќе се одметне или ќе си ја задржи опозициската страна.

Врие во Центар - се стега обрачот околу Шиповиќ, кој според неофицијални информации е под силен политички притисок кого да поддржува, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.
Утрински весник.

Утрински објавува: „Врие во Центар - се стега обрачот околу Шиповиќ, кој според неофицијални информации е под силен политички притисок кого да поддржува, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ“. Слободен печат оди со наслов: „Жерновски стравува дека власта го скршила Шиповиќ“. Вечер, пак, е сигурен во насловот: „Жерновски објави дека го загубил мнозинството во Општина Центар“.

Владин тим во Лондон - Груевски вели дека периодот за нејзино издавање е извонреден.
Дневник.

Како и што се очекуваше, во Собранието „Се отвори вратата за забрана на истополови бракови“, како што објавува Дневник, а во текстот информира дека со тоа почнал процесот на измени на Уставот. Нова Македонија со дискретен коментар во насловот пишува: „Нови амандмани или нова неизвесност во Уставот?“ Вечер, од друга страна, смета: „Беспотребна политичка врева, полза ќе имаат граѓаните“.

Владата ќе издава нова еврообврзница. „Владин тим во Лондон - Груевски вели дека периодот за нејзино издавање е извонреден“, објавува Дневник, кој го цитира Груевски и кога објаснува дека парите ќе се употребат главно за рефинансирање на претходниот долг. Информирајќи за истава тема и Утрински го цитира премиерот: „Условите за еврообврзницата се идеални“, но наведува дека висината на заемот со кој ќе се задолжи земјава засега не се обелоденува. Дел од експертите сметаат дека ќе се бараат минимум 200 милиони евра, дополнува Утрински.

Исто така Утрински ја обработува темата стандардно интересна за граѓаните: „Цените брзаат, а потрошувачката кошничка стои во место - Иако секојдневно има поскапувања, Државниот завод за статистика регистрира дефлација, а Синдикатот неколкугодишно стагнирање на вредноста на кошничката“.

Вечер насловува дека „Јункер го покосува оптимизмот што го донесе Меркел“, придружувајќи се кон другите печатени медиуми во нивниот намален оптимизам по решителниот настап на германската канцеларка и разочарувачката изјава на новиот претседател на Европската комисија дека до 2018 година не ќе може да биде примена ниту една нова членка во ЕУ поради долготрајните преговори за исполнување на потребните критериуми.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG