Достапни линкови

Гејминг - реализам, фантазија, животни вештини


Антонио Даниловски, активист на Младинскиот образовен форум.
Антонио Даниловски, активист на Младинскиот образовен форум.

Не одма помислувајте дека играњето на видео игри е едноставно и единствено бегање од реалноста и напуштање на проблемите, баш напротив, со играњето на видео игри си доаѓаат и своите предности, пишува Антонио Даниловски, активист на Младинскиот образовен форум, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Гејминг, гејмер? Кога добро би погледнале на работите, ќе заклучиме дека сите некогаш биле гејмери. Неограничени од реалноста, a размислувањето е мешавина на реализам и фантазија. Мозокот е постојано зафатен со размислување за скриениот свет во кој се наоѓаш, свет каде можат да бидат придружени со најкомплицираниот менталитет.

Не одма помислувајте дека играњето на видео игри е едноставно и единствено бегање од реалноста и напуштање на проблемите, баш напротив, со играњето на видео игри си доаѓаат и своите предности.

Гејминг општеството во принцип е составено од млади луѓе, млади луѓе кои се пронашле себеси и своите способности во една друга различна средина, средина во која не се сами. Не одма помислувајте дека играњето на видео игри е едноставно и единствено бегање од реалноста и напуштање на проблемите, баш напротив, со играњето на видео игри си доаѓаат и своите предности.

Креативната средина со видео игрите е многу голема. Моментот на креативно размислување, на делување во моментот, развивањето на тактики, креативност и уште еден куп други предности си доаѓаат со самото играње на видео игрите. Замислете поле со различни суштества, кои никогаш не си ги видел досега, и за кое сега треба да дознаеш сè, а уште со нив и да соработуваш. Нешто слично на првиот ден на работа или првиот час на факултет, ако барате споредба. Тие суштества ги носат карактеристиките на оној играч кој ги управува. Но, и тој е како вас. Само уште еден младич со желба за креативна занимација.

Гејминг средината им овозможила простор за виртуелно напредување на многумина, претежно млади лица. И тоа не е бидејќи тие имале некој „чуден“ ментален развој, па ја преферирале виртуелната средина пред реалната. Напротив, бидејќи ги пронашле карактеристиките на реалната во некоја замислена, и решиле со истите да се справат на друг начин.

Како млад човек кој целиот живот кој се чувствувал како гејмер, можам да напоменам неколку работи кои јас ги имам стекнато низ годините и мислам дека многу од луѓето кои ги имам запознаено преку играњето на видео игри или од претходно може да ме потврдат.

Стекнувањето на вештината за подобро координирање на окото и раката е една од најдобрите предности кои ги стекнува еден гејмер. Гејмерите најчесто функционираат во средина која бара донесување на брза одлука. Таа средина е високо конкурентна, а нема прирачник кој би те научил низ чекорите. Она што е потребно за еден гејмер за да ја совлада играта е да се посвети на неа. Исто како и со сè друго во кое што сакаш да успееш. Само што ова се случува со твојот маус и на твојот лаптоп.

Создавање на тимски играч и социјализирање со останатите. Перцепцијата на луѓето е дека доколку си гејмер или поточно некој кој игра видео игри те прави и асоцијален. Можеби повеќе од кога и да било досега, видео игрите станаа интензивно општествена активност. Наместо стереотипните nerd игри кои го избегнуваа социјалниот контакт, 70 отсто од гејмерите играат моментално со пријатели. Гејминг заедницата е поголема од која и да било друга заедница. Еве на пример World of Warcraft, 12 милиони корисници секојдневно разменуваат искуства, приказни и моменти кои ги доживеале. Тоа не те прави асоцијален, туку напротив, те прави да прибираш информации од сите делови од светот и да знаеш што точно се случува.

Во принцип сите игри кои денеска се играат се тимски игри. Развивањето на тимскиот дух и постанување на тимски играч, е само предност која може да ја употребуваш понатаму. Од лично искуство и после играње на повеќе тимски игри, ми дала предност, да знам подобро да работам во група со луѓе. Да знам секогаш да ислушам до крај и секогаш да се прави како еден. Со функционирањето како единка на група на луѓе, значи и едно, само подобро работење и подобра координација.

Исто така еден многу интересен момент е дека, според истражување спроведено за предностите на видео игрите, дури 25 отсто побрзо и подобро носат одлуки младите луѓе кои имаат играно видео игри. Предноста да бидеш тимски играч кој знае да носи добри одлуки е одличен момент на работна вештина.

Според истражување спроведено за предностите на видео игрите, дури 25 отсто побрзо и подобро носат одлуки младите луѓе кои имаат играно видео игри. Предноста да бидеш тимски играч кој знае да носи добри одлуки е одличен момент на работна вештина.

Ова се низа бенефиции, со кои што еден млад човек може да се придобие преку посветена игра. Со поставување на конкретни задачи и овозможувајќи на младите да работат ефективно низ пречки да се постигне некаква задача, видео играта може да ви помогне при градење на самодовербата и да им помогне на младите да научат за вредноста на упорноста. Преку обезбедување на брз одговор како гејмери, играчите можат да научат да се гледаат себеси како луѓе кои имаат вештини и интелигенција, што инаку не би сфатиле дека ја поседуваат. Игрите им помагаат на младите луѓе да сфатат дека интелигенцијата е поединечна, односно, нешто што може да се зголеми со време и напор.

Само да не заборавам да напоменам, дека, мотивационите придобивки од видео игрите, најверојатно варираат во зависност од личноста и индивидуалните околности на играчот.

Гејминг општеството интензивно го менуваше својот идентитет во последните децении. Од затворени друштва ограничени на индивидуи со високи компјутерски способности, тие станаа достапни за сите со малку слободно време и желба да се посветат на нешто креативно. Виртуелниот свет и напредувањето во истиот сè полесно може да се идентификува со напредувањето во реалниот свет. Со тоа на ум, зошто да не би сакале да промовираме гејминг кај млади луѓе, само поради старото конзервативно мислење дека оваа практика нè оддалечува од реалноста и од секојдневието.

Сè што можам да кажам за крај е дека видео игрите влијаат многу во последните 5 до 10 години и конечно почнуваат да се разбираат нивните влијанија, без разлика дали добри или лоши. Притоа со решавање на многу реални проблеми со зависноста од видео игрите се надевам на искористување на потенцијалната вредност за користењето на видео игрите за образовни апликации, но сето тоа ќе биде само еден голем предизвик на кој ќе треба да се работи.

XS
SM
MD
LG