Со празни столчиња од левата страна и со аплауз од присутните пратеници, мандатарот Груевски го заврши своето експозе попладнево. Во 25-минутното обраќање пред пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, тој вети дека во следните четири години Македонија ќе ја направи многу подобра.
Во првите минути од своето обраќање им честита на избраните пратеници вклучително и на оние од опозицијата кои не беа во собраниската сала.
„Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои поради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денес да ја следат преку медиумите и за кои верувам дека набрзо ќе се вратат во оваа сала за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месеци“, рече Груевски.
Во објаснувањето на програмата, пак, мандатарот ги повтори приоритетите односно економијата, ЕУ и НАТО, борба против корупцијата и криминалот, одржување на добри меѓуетнички односи, инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија.
Но, сепак Груевски најмногу се задржа на економијата. Рече дека очекуваат нови странски инвестиции, намалување на невработеноста, дека ќе ги зголемеле платите, пензиите и социјалната помош, вети нови субвенции за земјоделците, изградба на нови патишта и на делници, доизградување на пругата со Бугарија, нови вагони и возови, а напомена и дека гасификацијата останува стратегиски приоритет.
„Во следните четири години се стремиме кон отворање на нови 64 илјади работни места и намалување на невработеноста од постоечките 28,4 отсто на околу 22 отсто“, рече Груевски.
Почнување на преговорите со ЕУ и зачленувањето во НАТО останува стратегиски приоритети нагласи мандатарот.
„Во однос на политичкиот спор кој Грција го наметна за уставното име на нашата земја, владата е подготвена да го продолжи грчко-македонскиот дијалог врз основа на веќе утврдената стратегија и принципи. Владата нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија и нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Владата нема да дозволи кое било решение за спорот што го наметна Грција да биде прифатено без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на тој референдум да се согласат со можното решение“, рече Груевски.
Тој нагласи и дека ќе продолжат со спроведување на Охридскиот рамковен договор, додавајќи дека етничките прашања не треба да ја одземат силата на општеството.
Груевски ја спомена и слободата на медиумите и вршењето на професионалната медиумска дејност кои морале да бидат обезбедени и почитувани од секој чинител.
Правевме грешки, но не стратегиски, рече мандатарот, кој оцени дека сигурно ненамерно му згрешиле на некого и го повредиле за што жалел. Инаку седницата почна со еден час задоцнување, а Груевски ескпозето го заврши со „Господ да ги благослови сите и Република Македонија“.

Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои поради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денес да ја следат преку медиумите и за кои верувам дека набрзо ќе се вратат во оваа сала за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месеци.Никола Груевски, мандатар.
„Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои поради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денес да ја следат преку медиумите и за кои верувам дека набрзо ќе се вратат во оваа сала за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месеци“, рече Груевски.
Во објаснувањето на програмата, пак, мандатарот ги повтори приоритетите односно економијата, ЕУ и НАТО, борба против корупцијата и криминалот, одржување на добри меѓуетнички односи, инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија.
Но, сепак Груевски најмногу се задржа на економијата. Рече дека очекуваат нови странски инвестиции, намалување на невработеноста, дека ќе ги зголемеле платите, пензиите и социјалната помош, вети нови субвенции за земјоделците, изградба на нови патишта и на делници, доизградување на пругата со Бугарија, нови вагони и возови, а напомена и дека гасификацијата останува стратегиски приоритет.
Во следните четири години се стремиме кон отворање на нови 64 илјади работни места и намалување на невработеноста од постоечките 28,4 отсто на околу 22 отсто.Никола Груевски, мандатар.