Достапни линкови

Ново средно училиште во Охрид


Oд септември во Охрид ќе стартува со работа средно стручно училиште Свети Кирил и Методиј.

Во Охрид од септември ќе стартува со работа средно стручно училиште. Оваа идеја едногласно на една од минатите седници на советот на општината доби зелено светло и од власта и од опозицијата во Охрид. Училиштето ќе го носи името на Свети Кирил и Методиј.
Ние ја поддржуваме оваа идеја бидејќи тоа ќе овозможи поефикасно работење и на двете средни училишта.
Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид.

Томислав Тунтев, екс-советник од СДСМ и претседател на охридските социјалдемократи, вели дека ја поддржуваат оваа идеја затоа што таа била иницијатива и на советничкото мнозинство во претходниот состав на советот на Општина Охрид.

„Ние и тогаш расправавме за оваа идеја, но требаше да се почека четири години се знае од какви причини, иако условите беа стекнати и тогаш. Ние ја поддржуваме оваа идеја бидејќи тоа ќе овозможи поефикасно работење и на двете средни училишта. Не слушнавме дебата за името. Тоа училиште се викаше Мите Богоевски. Добро е што една идеја која оди во интерес и на наставниот кадар и на учениците кога тогаш се операционализира. Иако името на словенските просветители не е географски поврзано со Охрид никако, меѓутоа е во нашата историја и е во свеста на луѓето дека се значајни“, рече Тунтев.
Состојбата со економијата во Охрид е онаква каква што е. Јас се надевам дека прашањето за стручно образование во Охрид постојано ќе го отвораме, а наназад и ќе го затвораме.
Ангел Јанев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Охрид.

Жаклина Лазареска, советничка од СДСМ, вели дека идејата е за поздравување.

„Има и реални причини затоа. Во поново време наставните програми и планови во гимназиските паралелки одат во друга насока, а стручните паралелки имаат сосема друга насока на работа. Едните и другите имаат можност на свој начин од различни фондови да црпат и средства за различни проекти кои ќе се реализираат, а вака си сметаа“, вели Лазареска.

Ангел Јанев, советник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека основањето на ова средно училиште всушност е физичка поделба на постоечкото средно училиште Свети Климент Охридски на гимназиски и среден стручен дел.

„Таму ќе влезат економските паралелки во онаа форма каква што беа и медицинската паралелка во делот на стручно образование. Апелирам до сите субјекти во општината, било во делот на вработувачките капацитети, било до фирмите, па и јас, се обидуваме да ги поврземе сите оние конци на начин на кој знаеме и умееме. Состојбата со економијата во Охрид е онаква каква што е. Јас се надевам дека прашањето за стручно образование во Охрид постојано ќе го отвораме, а наназад и ќе го затвораме“, рече Јанев.
XS
SM
MD
LG