Достапни линкови

Предизборната кампања го поткачи и образованието во Охрид


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Охридската опозиција обвини дека Министерството за образование не исплаќа отпремнина за пензионираниот наставен кадар и затоа се блокирани сметките на училиштата.

Политиката навлезе и во образованието во Охрид непосредно пред отпочнувањето на кампањата за престојните избори. Охридските социјалдемократи, преку својот портпарол Александар Кузески, обвинија дека локалната власт и ВМРО-ДПМЕ цело време манипулирале со охридската јавност кога станувало збор за образованието. Упорно се обидуваат да ја убедат јавноста дека ги одблокирале сметките на училиштата во Охрид, кои беа блокирани поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори, вели Кузески.
Основната причина за блокирањето на сметките на училиштата - непочитување на Законот за работни односи, т.е. неисплаќање на отпремнина на пензионираниот наставен кадар од страна на Министерството за образование.
Александар Кузески, портпарол на СДСМ Охрид.

Охрид.
Охрид.
„А основната причина за блокирањето на сметките на училиштата - непочитување на Законот за работни односи, т.е. неисплаќање на отпремнина на пензионираниот наставен кадар од страна на Министерството за образование и наука. Наставниците, што по сила на закон се пензионираа во текот на 2011, 2012 и 2013 година, а во поголемите основни училишта во овој период имаше по 6-7 пензионирани наставници, кога видоа дека имаат работа со власт која не ги почитува законите, поднесоа тужби до училиштата. Отпремнината за секој од овие наставници изнесуваше околу 40 илјади денари, но со судските трошоци и каматите оваа сума достигна и до 80 илјади денари по човек. Тоа значеше дека секое училиште, поради извршни судски одлуки, за наведениот период требаше да исплати повеќе од половина милион денари“, рече Кузески.
Ако не биле трошени огромни суми на пари за транспорт на ученици и за гориво, сигурно дека ќе останувале пари за да редовно се исплатат обврските кон оние лица кои оствариле право на пензија.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Градоначалникот Никола Бакрачески на последната седница на Советот на општината рече дека според негови неофицијални сознанија вкупниот износ по основ на извршни судски решенија по основ на неисплатена отпремнина за пензионирање во сите училишта во Охрид висината изнесувала околу 2 милиони денари.

„Јас колку што имам информации, тоа не е обврска на Министерството за образование, туку тоа е обврска на општината. Ако не биле трошени огромни суми на пари за транспорт на ученици и за гориво, сигурно дека ќе останувале пари за да редовно се исплатат обврските кон оние лица кои оствариле право на пензија“, рече Бакрачески.

Од името на директорите на училиштата во Охрид, Тони Симоновски, директор на Основното училиште Христо Узунов, повика политичките партии да не ги злоупотребуваат образовните институции за политички цели.

„Како прво, на ниту едно училиште не е блокирана сметката. Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена отпремнина на пензионерите, освен последните заминувања во февруари и март, и тој процес е процесуиран да се заврши за исплаќање“, рече Симоновски.

Од СДСМ рекоа дека со закани и притисоци биле сменети директорите на училиштата во градот, а на првиот ден од учебната година, преку 60 стручни, соодветни и искусни наставници и професори на непрофесионален и штетен начин биле отстранети од системот на образованието во општината, поради непродолжување на договорите за работа.
XS
SM
MD
LG