Се зголемува бројот на граѓани кои сакаат да влезат во Европската унија исклучиво со задржување на уставното име. Ова го покажува испитувањето на јавното мислење спроведено врз 1.600 испитаници, во март годинава. Според податоците што ги презентираше Институтот за демократија „Социетес Цивилес“, околу 60 отсто од прашаните одговориле дека се за влегување во Унијата со задржување на името, за разлика од пред три години кога нивниот процент бил за околу дваесет отсто понизок. На интеграција и со отстапки за името сега се подготвени 25 отсто од испитаниците.
Иван Дамјановски од Правниот факултет, правејќи споредба со поддршката на Европската унија во последниве десет години, вели дека таа се прекршува кон крајот на 2009 година и оттогаш досега почнува да опаѓа. Споредбата покажува дека поддршката во 2004 година била повеќе од 90 отсто, за сега да падне до нешто помалку од 70 отсто.
„Сите пикови на поддршката коинцидираат со најголемите напредоци на Македонија во интегративниот процес, 2006 на пример, после добивањето на кандидатскиот статус и 2009 година, почетокот на 2010 година после добивањето на препораката за почеток на преговорите за членство. После блокадата на целиот процес имаме логична тенденција на константен пад“, вели Дамјановски.
На прашањето дали Македонија е подготвена за членство во Европската унија 47 отсто одговориле дека не е, а пет отсто помалку дека е спремна. Според Јулија Брсакоска-Базеркоска од Правниот факултет, државава треба да се посвети на исполнувањето на Копенхагенските критериуми за кои неколку години стигнуваат забелешки од европските институции.
„Во суштина она што најмногу и е потребно на Република Македонија во моментов политичка волја за отпочнување на процесот на евроинтеграции, меѓутоа не само декларативна, туку политичка волја која што ќе значи навистина работа на она што значи евроинтеграција во смисла на тоа дека внатрешната политика на државата е најдобра политика кога станува збор за приближување на Македонија кон Европската Унија“, смета Брсакоска-Базерковска.
Инаку испитувањето покажува и разлики во однос на поддршката за Унијата и перцепцијата за реформите зависно од етничката припадност. Имено речиси 80 отсто од Македонците не се за ЕУ со промена на име, а околу 75 отсто од етничките Албанци се за интегрирање и со отстапки за името.
Малинка Ристова Јордановска од Институтот за Европски политики смета дека треба да се процени дезинтегративниот потенцијал околу европското прашање на двете најголеми етнички заедници и до каде може да оди тоа.
„Јас лично мислам дека не може да оди до бескрај и дека не може да бидат одржливи ваквите несогласности во рамки и на владата во однос на едно од декларираните клучни прашања, односно европската интеграција“, оценува Ристова Јордановска.
Инаку резултатите од анкетата беа презентирани во рамки на проектот за зајакнување на улогата и придонесот на граѓанското општество во процесите на добро владеење и европска интеграција. Партнерски организации покрај Институтот за демократија се и Институтот Охрид и Македонскиот институт за медиуми.
Сите пикови на поддршката коинцидираат со најголемите напредоци на Македонија во интегративниот процес.Иван Дамјановски, Правен факултет Скопје.
Иван Дамјановски од Правниот факултет, правејќи споредба со поддршката на Европската унија во последниве десет години, вели дека таа се прекршува кон крајот на 2009 година и оттогаш досега почнува да опаѓа. Споредбата покажува дека поддршката во 2004 година била повеќе од 90 отсто, за сега да падне до нешто помалку од 70 отсто.
„Сите пикови на поддршката коинцидираат со најголемите напредоци на Македонија во интегративниот процес, 2006 на пример, после добивањето на кандидатскиот статус и 2009 година, почетокот на 2010 година после добивањето на препораката за почеток на преговорите за членство. После блокадата на целиот процес имаме логична тенденција на константен пад“, вели Дамјановски.
Во суштина она што најмногу и е потребно на Република Македонија во моментов политичка волја за отпочнување на процесот на евроинтеграции, меѓутоа не само декларативна.Јулија Брсакоска-Базеркоска, Правен факултет Скопје.