Достапни линкови

Евроизбори: Нова шанса за екстремистите


Популистите ќе имаат голема корист доколку на сегашните избори за Европскиот парламент одѕивот на гласачите биде мал. Ова се наведува во анализата на Фајненшал тајмс во врска со изгледите на екстремистичките партии во Европа да освојат најголем број пратенички места досега.

Од првите директни избори за Европскиот парламент во 1979 до седмите во 2009 година, повеќето избирачи ги даваа гласовите со домашни, а не со европски мисли во нивните глави. Иако нема многу докази за колективното европско јавно мислење, неконвенционалните политички движења најчесто користат од таканареченото протестно гласање на граѓаните.


На осмите европски избори, што се одржуваат од овој четврток до недела, се очекува во 28 земји на Европската унија крајно десните, крајно левите и антиевропските политички сили да ги постигнат нивните најдобри резултати.

Сепак, тие нема да имаат мнозинство во идниот европарламент, а нивните меѓусебни недоразбирања ќе бидат пречка и ограничување за да имаат поголемо влијание во донесувањето одлуки.
На осмите европски избори, што се одржуваат од овој четврток до недела, се очекува во 28 земји на Европската унија крајно десните, крајно левите и антиевропските политички сили да ги постигнат нивните најдобри резултати.


Но, ако тие станат први или втори во Франција, Британија и во другите земји, нивните радикални погледи ќе имаат поголемо нездраво влијание врз домашните политички дебати отколку што тоа го имаат денес.

Во такви услови, европските главни партии мора да се одбранат од искушението и да не ги позајмат популистичките алишта во обид да ја добијат поддршката на граѓаните.

Во исто време, тие би требало да признаат дека порастот на популизмот не е случаен. Должничката криза, пропаѓањето на банките и економската рецесија им покажа на гласачите дека она што се случува во една членка без оглед дали е должник или кредитор и она што се решава без оглед дали е тоа во Брисел или Франкфурт, ги погодува сите.

Ова важи и за Британија и за другите девет земји кои се уште се надвор од еврозоната. Луѓето кои имаат намера да гласаат за популистичките движења ќе го сторат тоа делумно и бидејќи сметаат оти Европската унија и конвенционалните партии што ја поддржуваат, направиле неред во скоро се што се фатиле. Меѓотоа, тежината на популистичкото гласање ќе биде уште поголема доколку одѕивот на изборите биде мал.


Постојаните промени на договорот на Европската унија толку ја зацврстија улогата на Европарламентот што неговата согласност сега е потребна за законите во скоро сите области на политиката на Унијата.

Но, гласачите се помалку глупави отколку што мислат политичарите. Доколку избирачите не излезат тоа ќе биде важен сигнал дека тие знаат оти европските закони не играат голема улога во решавањето на економските проблеми во Европа.

Иако ова не е причина за паника, сепак би требало да ги поттикне националните влади да го промовираат економското заздравување и да ја подобрат ефикасноста на Европската унија, заклучува Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG