Отсуството на политичка дебата е карактеристика на повеќе изборни циклуси. Најверојатно, како што стојат работите, и оваа кампања ќе помине без директно соочување на кандидатите. Деновиве, главната и одговорна уредничка на телевизијата Телма, Емилија Лазаревска, укажа на постоењето на игнорантскиот однос на гарнитурата на власта кон нивниот медиум. Лазаревска вели дека ВМРО-ДПМНЕ не чувствува потреба да им се обрати на граѓаните и дека повеќе сакаат наместени и со однапред познат исход разговори.
„Тие негуваат една таква политика на едноумие, не сакаат незгодни прашања, сакаат да отидат кај свои проверени, не се тоа новинари, тоа се пропагатори на нивната политика и сакаат едноставно да бидат задоволни од самите себе и да се воодушевуваат на сопствената политика“, вели Лазаревска.
Таа нагласува дека деветта година владејачката ВМРО-ДПМНЕ не комуницира со оваа телевизија и дополни дека идентично однесување сега им се случило и со кандидатот на ДПА, Илијаз Халими.
Експертите изразуваат загриженост поради отсуството на ТВ-дуели со претседателските кандидати и повикуваат да се стави крај на нерамноправниот пристап до информации на медиумскиот пазар. Последиците ќе бидат негативни од аспект на тоа што создаваат неинформирано граѓанство кое не може да стекне попродлабочен увид во политичката реалност, коментира комуникологот Марко Трошановски. Според него, желбата за контрола врз пораката што се испраќа е главниот мотив за отсуството на политичка дебата.
„Пораката којашто се праќа до гласачите е дека нашиот кандидат е толку добар, а противникот е толку лош што нема потреба да се дебатира со него и дека сè што треба да знаете, ние можеме да ви го кажеме како номинатори на тој кандидат“, вели Трошановски.
И покрај ова искуство на некои од медиумите за игнорантскиот однос на власта, комуниколозите сепак засега сè уште не се убедени дека кампањата ќе помине без директно соочување на претседателските кандидати.
„Дека не сака да оди кандидатот, тоа не знаеме сè уште, тоа е претпоставка, нема официјална изјава во врска со тоа“, вели тој.
Меѓутоа Трошановски се сомнева во врска со постоење на нерамноправен пристап до информации на медиумскиот пазар со оглед на отсуството на кандидатот на опозицијата Стево Пендаровски на провладините медиуми.
„Со оглед на тоа што нема политичка дебата на ниеден медиум, мислам дека тој нема пристап, а дали политичката кампања е доволно застапена на тие медиуми, немам правено некоја анализа“, вели Трошановски.
Тие негуваат една таква политика на едноумие, не сакаат незгодни прашања, сакаат да отидат кај свои проверени, не се тоа новинари, тоа се пропагатори на нивната политика и сакаат едноставно да бидат задоволни од самите себе и да се воодушевуваат на сопствената политика.Емилија Лазаревска, главна и одговорна уредничка на телевизијата Телма.
„Тие негуваат една таква политика на едноумие, не сакаат незгодни прашања, сакаат да отидат кај свои проверени, не се тоа новинари, тоа се пропагатори на нивната политика и сакаат едноставно да бидат задоволни од самите себе и да се воодушевуваат на сопствената политика“, вели Лазаревска.
Таа нагласува дека деветта година владејачката ВМРО-ДПМНЕ не комуницира со оваа телевизија и дополни дека идентично однесување сега им се случило и со кандидатот на ДПА, Илијаз Халими.
Пораката којашто се праќа до гласачите е дека нашиот кандидат е толку добар, а противникот е толку лош што нема потреба да се дебатира со него и дека сè што треба да знаете, ние можеме да ви го кажеме како номинатори на тој кандидат.Марко Трошановски, комуниколог.