Како го оценувате досегашниот тек на кампањата за претседателските избори?
Не е ништо новo што не очекувавме ќе се случи. Кандидатите се растрчани низ Македонија и секој тера согласно стратегијата и целните групи кон кои се обраќа, така да ништо не ме изненадува, дури мислев дека вокабуларот во првата недела ќе биде погруб, но мислам дека како
ќе се приближува датумот на гласање така ќе огрубува реториката која ќе ја користат, но во секој случај ништо изненадувачки.
На кој начин се води кампањата во албанскиот блок?
Споредено со пред 10-15 години е прилично мирна, дури и реториката која се користи кога им се обраќаат на гласачите е релативно помека, за разлика од таа која се користи кај македонските партии. Сцената сега е многу повжештена кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ, отколку кај ДУИ и ДПА. Второ самиот пристап кон изборите не ги приближува многу, ДПА инсистира да се гласа, ДУИ инсистира да не се гласа, така да немаат два кандидати па да се напаѓаат едни со други, така да атмосферата е попацифизирана кај албанските партии. Верувам дека ќе се вжешти повеќе по првиот круг на претседателските избори, затоа што во центарот ќе бидат и парламентарните избори
Гласачите Албанци се пред еден предизвик, од една страна ДПА повикуваа да се излезе и да се гласа за единствениот кандидат Албанец и бојкотот на ДУИ. Како сега ќе се однесуваат гласачите Албанци.
Искуството поранешно ни покажува дека Албанец кандидат не поминал во вториот круг. Неспорно е ако кандидатот на ДПА помине во вториот изборен круг дека сите Албанци ќе се анимираат и ќе гласаат за него, но поентата е како да се помине во вториот круг. Бројките и анализите и статистиките покажуваат дека многу тешко може кандидатот на ДПА да помине во втор круг без поддршка на неалбански гласови, не мора да се македонски, може да се и турски, ромски, бошњачки. Ако тоа се случи верувам дека и ДУИ ќе го смени ставот, дека и ДУИ ќе излезе со друг става, затоа што не би било логично да помине кандидат на ДПА во втор круг, а ДУИ тоа да го опонира, но ако не помине кандидатот на ДПА, верувам дека ДУИ ќе ја зајакне својата кампања за негласање на претседателските избори или ако евентуално разликата помеѓу двата кандидати кои ќе поминат во вториот круг е мала, тогаш веќе ќе почнат и политичките пазарења, како на ДУИ, така и на ДПА.
Што ќе се случува во вториот круг, ако се земе предвид дека ДУИ повикува да не се гласа за претседател, но паралелно со вториот круг се парламентарните избори, кога ќе им треба луѓето да излезат и да гласаат?
Ние на претходните претседателски избори имавме локални избори, така да не е невозможно да инсистираат да се гласа на парламентарните, а ливчето за претседателските да не го бараат. Но сега е прерано да заклучуваме што ќе се случува се додека не помине првиот круг на избори. Што побалансирани се двајцата кандидати кои ќе поминат во втор круг, тоа поскапи и поинтересни ќе бидат гласовите на ДУИ и на ДПА.