Александар Прокопиев, Киро Донев, Љубомир Грбевски Џери, Христо Петрески, Мерсиха Исмаиловска, Дејан Трајковски, Александар Кујунџиски, Љубинка Донева и Ана Стојановска се писателите чии досега необјавени творби се најдоа во првата Антологија на македонски авторски бајки зад која застана книгоиздателството „Феникс“ од Скопје.
Христо Петрески, составувачот и потписникот на предговорот за ова пионерско издание, посочува дека бајката е олицетворение на уметноста на раскажување и место каде што писателите можат непрекинато да истражуваат, но и да ја докажуваат сопствената имагинација, оригиналност и талент.
Тој смета дека Македонија е една од повеќето балкански средини каде што се создаваат навистина оригинални, па дури и современи и истовремено и архаични бајки, но за жал, овој жанр некако како да не е се уште доволно омасовен, доволно прифатен и популарен онолку колку што заслужува. Вели дека токму авторската бајка, како надградба на народната бајка, е еден од жанровите кој што ги воспитува најмладите читатели и му дава печат на целиот нивен понатамошен живот.
„Бајките кои што се раскажуваат на најмладите слушатели, а подоцна читатели, остануваат трајно врежани во нивната свест и потсвест, ги будат најскришните фантазии, интимни посакувања, разликувања на доброто и лошото, грдото и убавото...дури би рекол дека бајката има едно од пресудните влијанија и значења не само во формирањето на човековата психа, туку и во формирањето на книжевниот хабитус на секој поединец.“
Петрески, кој има докторирано токму на авторска бајка, дополнува дека кај македонската бајка го импресионираат широкиот дијапазон на теми и мотиви, посебно содржините кои што се збогатени со фолклорни елементи и пред се* богатиот и сочен архаичен македонски јазик.
Писателот Дејан Трајковски истакнува дека денешнава наша реалност како да е измислена да се опише во бајка. Посебно стереотипите кај луѓето кои можат да бидат и тоа како смешни.
„Денешната реалност е како измислена за да се опише во бајка. Особено стереотипите кај луѓето, кои можат да бидат и тоа како смешни, како излезени од некаква неверојатна приказна. Затоа една од поентите на бајката „Волкот и лисицата” беше и таа критика на стереотипите, но малку во поинакво руво. Со неа пробав да и дадам поинаков тон, поинаква обвивка на традиционалната форма на бајката, па овде волкот и лисицата се наоѓаат во кожата на модерните, на урбаните луѓе.“
Тој се согласува со издавачот и автор Петрески дека бајката како форма е неправедно запоставена и истакнува дека голема заслуга за повторното нејзино актуализирање има Александар Прокопиев со неговите „бајки од левиот џеб”, односно книгата бајки за возрасни „Човечулец“, со која на голема врата се покажа дека се работи за некако подзаборавен правец, кој може да биде и тоа како плоден. Затоа потенцира дека бајката како форма нуди предизвици и секако дека треба да биде поддржувана во сите нејзини форми.
Од друга страна, Љубомир Грбевски Џери, кој патем во Антологијата е застапен со една од своите пет „бајки тралалајки“ напишани во драмска, дијалошка форма - „Мал крал“, на само нему својствен творечки начин ќе се пројави:
„Нема на светот ништо поубаво од бајка, жими мајка. Нема нешто поубаво од оние невидливи раце кои час те носат в сон како на мек облак, како во златен царски трон. И тогаш ти се причинува како лулашка, како да ездиш на комети на опашка или како вртелешка, како најубава смешка, па во неа лебдиш, лебдиш...се додека не се разбудиш пак и не знаеш дали е јаве или се уште сониш на мекиот облак.“
Бајката има едно од пресудните влијанија и значења не само во формирањето на човековата психа, туку и во формирањето на книжевниот хабитус на секој поединец.Христо Петрески, писател.
Христо Петрески, составувачот и потписникот на предговорот за ова пионерско издание, посочува дека бајката е олицетворение на уметноста на раскажување и место каде што писателите можат непрекинато да истражуваат, но и да ја докажуваат сопствената имагинација, оригиналност и талент.
Тој смета дека Македонија е една од повеќето балкански средини каде што се создаваат навистина оригинални, па дури и современи и истовремено и архаични бајки, но за жал, овој жанр некако како да не е се уште доволно омасовен, доволно прифатен и популарен онолку колку што заслужува. Вели дека токму авторската бајка, како надградба на народната бајка, е еден од жанровите кој што ги воспитува најмладите читатели и му дава печат на целиот нивен понатамошен живот.
Денешната реалност е како измислена за да се опише во бајка. Особено стереотипите кај луѓето, кои можат да бидат и тоа како смешни, како излезени од некаква неверојатна приказна.Дејан Трајковски, писател.
„Бајките кои што се раскажуваат на најмладите слушатели, а подоцна читатели, остануваат трајно врежани во нивната свест и потсвест, ги будат најскришните фантазии, интимни посакувања, разликувања на доброто и лошото, грдото и убавото...дури би рекол дека бајката има едно од пресудните влијанија и значења не само во формирањето на човековата психа, туку и во формирањето на книжевниот хабитус на секој поединец.“
Петрески, кој има докторирано токму на авторска бајка, дополнува дека кај македонската бајка го импресионираат широкиот дијапазон на теми и мотиви, посебно содржините кои што се збогатени со фолклорни елементи и пред се* богатиот и сочен архаичен македонски јазик.
Нема на светот ништо поубаво од бајка, жими мајка. Нема нешто поубаво од оние невидливи раце кои час те носат в сон како на мек облак, како во златен царски трон.Љубомир Грбевски Џери, писател.