Достапни линкови

Писателите за деца на дното на литературата


Татјана Гоговска.
Татјана Гоговска.

„Патување низ детството“ е насловена новата книга на Татјана Гоговска што беше промовирана во пресрет на актуелниот Саем на книгата.

Она што ме натера да го проширам изданието односно да додадам уште неколку драмски текстови што во меѓувреме ги напишав и сето тоа овојпат да излезе со наслов „Патување низ детството“ беше иницијативата на многу наставници и раководители на драмски и литературни секции од училиштата во земјава кои што подолго време предупредуваат дека е многу дефицитарна литературата за деца – вели м-р Татјана Гоговска, новинарка, долгогодишен уредник на телевизиски емисии за деца во МРТВ и од неодамна раководител на Детскиот креативен центар „Ѕвезда“.
Да се биде писател за деца и да се читаат и препрочитуваат нивните книги со генерации нови деца, тоа е врвот на литературата. Кај нас тоа за жал е дното на литературата.
Татјана Гоговска, писател за деца.

Корица на книгата за деца „Патување низ детството“ на Татјана Гоговска.
Корица на книгата за деца „Патување низ детството“ на Татјана Гоговска.
Гоговска беше и иницијатор за организирање на минатонеделната трибина што се одржа во Културно информативниот центар во Скопје и на која се говореше за актуелната состојба со литературата за деца во домашната книжевност, а на која покрај неа учествуваа и писателите Горјан Петревски, Велко Неделковски и Фатмира Челику. Таа истакнува дека проблеми во оваа сфера има многу и дека тие се таложат со години. Како посебно важен притоа го издвојува несоодветниот третман на писателите за деца во Македонија.

„Да се биде писател за деца и да се читаат и препрочитуваат нивните книги со генерации нови деца, тоа е врвот на литературата. Кај нас тоа за жал е дното на литературата.“
За да го натераш детето да те прочита, треба да знаеш многу повеќе и да направиш многу повеќе во себе како автор, отколку нели кога се обраќаш на возрасни.
Татјана Гоговска, писател за деца.

Гоговска дополнува дека од поодамна не се води сметка за образување на книжевниот подмладок и дека се помал е бројот на насловите со изданијата за деца спонзорирани од ресорното министерство.

„Нема директна политика да речам и во самата фела на друштво на писатели и во Министерство за култура и во Министерство за образование и со оние литературни секции, панкнижевни каравани се поттикнуваше творештвото за децата уште од најмали да почнат да се изразуваат, па еден дел од нив кога ќе станат возрасни да се посвети токму на тоа.“

Слично на Горјан Петревски и таа смета дека писателот треба да се издигне над нивото на детото за да го заинтересира да го прочита неговото дело.

„За да го натераш детето да те прочита, треба да знаеш многу повеќе и да направиш многу повеќе во себе како автор, отколку нели кога се обраќаш на возрасни.“

Од друга страна, м-р Татјана Гоговска пред два месеца го формираше и раководи со Детскиот креативен центар „Ѕвезда“ чија основна дејност е да го стимулира творештвото на децата, да ги направи подржувачи на уметноста и да помогне во нивната социјализација.

„Секое дете што така ќе се постави да се води низ животот сигурно дека ќе стане креативен, добар, вреден возрасен човек.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG