Достапни линкови

„Ѓубре“ на Ирвин Вeлш и на македонски


Прв превод од англиски на македонски на дело на контроверзниот шкотски писател Ирвин Велш. Книгата „Ѓубре“ ја објави книгоиздателството „Или-Или“.

Наспроти стереотипите, книгоиздателството „Или-Или“, 57-та книга од популарната едиција „ПРОаЗА“, третиот роман на Ирвин Велш - „Ѓубре“, инаку прв кој се појавува во превод од англиски на македонски јазик, го промовира со настан кој директно ја предизвикува урбаната читателска публика.
Едноставно се бара промоција на книга да преставува некој настан кој ќе биде понаков, патрактивен, поинтересен за да можеме книгата да ја доближиме до читателот. Може да издадете навистина фантастични дела, меѓутоа доколку не направите некаква поинтересна промоција, маркетинг и слични работи, едноставно може да се случи таа книга да не допре до читателите.
Ненад Стевовиќ, Или-Или.

Случувањето е именувано „IRVIN WELSH & The STRANGLERS ( Nice & Sleazy Night)“ и подразбира клубска атмосфера, неформална реч на режисерот Срѓан Јаниќиевиќ и пресек на творештвото на еден од најзначајните британски панк бендови СТРЕНГЛЕС. Впрочем онака како и што му прилега на контроверзниот автор кој досега има објавено шест романи меѓу кои и култниот „Броење на возови“, „Порно“, „Криминал“ и „Ѓубре“, делото во кое тој патем „полицијата, државата и правниот систем ги става на суд, или во најмала рака, под детална истрага“.

„Едноставно се бара промоција на книга да преставува некој настан кој ќе биде понаков, поатрактивен, поинтересен за да можеме книгата да ја доближиме до читателот. Може да издадете навистина фантастични дела, меѓутоа доколку не направите некаква поинтересна промоција, маркетинг и слични работи, едноставно може да се случи таа книга да не допре до читателите“, вели Ненад Стевовиќ од „Или-Или“.
Затоа што кај нас воопшто било кој настан да се случи, поготово кога книга ќе излезе треба да се направи мала прослава затоа што прилично е тешко да се бавите со културна активност.
Срѓан Јанаќиевиќ, режисер.

И, режисерот Јаничиевиќ, е убеден дека ваквиот потег на приближување на книгата до читателската публика, посебно во времево во кое живееме, е оној вистинскиот.

„Затоа што кај нас воопшто било кој настан да се случи, поготово кога книга ќе излезе треба однапред да се направи мала прослава затоа што прилично е тешко да се бавите со културна активност. Од тие причини мислам дека е битно да се направи „ивент“ сам по себе за било кое излегување на нова книга.“

Инаку, досега ретко кој од македонските издавачи излегол од стандардниот начин на промовирање на своите изданија. Покрај „Или-Или“, тоа на свој начин го работи и „Блесок“, та затоа нималку не чуди што Игор Исаковски не го крие задоволството од ваквиот потег на своите колеги.

„Да се собираат луѓе во клуб за да уживаат во музика, во книжевност, во каква било уметност на крајот на краиштата секогаш за мене е попродуктивно и попримамливо отколку да се собираат во стерилни простории каде се држат бескрајно долги не само говоранции, понагерици, пофалби по секоја цена.“

Кон ова само уште информацијата дека преводот на „Ѓубре“ е на Калина Јанева, а објавувањето на романот на Ирвин Велш е дел од Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската унија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG