Охрид бара финансиска помош од централната власт за да реализира дел од предвидените проекти и за да се спаси од финансискиот колапс во кој се наоѓа, а кој е резултат на големиот долг кој изнесува повеќе од 33 милиони евра. Можностите на Општина Охрид за реализација на капитални проекти е ограничена и побарав од министерот за финансии да помогне овие проекти да бидат изведени со помош на Владата, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески по средбата со министерот за финансии Зоран Ставрески.
„Разговаравме за начините и можностите за справивање со оваа тешка финансиска состојба и за помошта која Министерството за финансии изминатите месеци ни ја дава и ќе ни ја дава се со цел да направиме еден план како да ја надминеме и како во иднина да се справуваме со предизвиците во однос на задолжувањата“, рече Бакрачески.
Министерот за финансии Ставрески финансиската состојба на Општина Охрид ја оцени како многу тешка и сериозна, а причината за тоа, како што рече, ја гледа во големиот број на обврски кои не биле плаќани од страна на претходното раководство на општината. Општината во овој момент не би можела самостојно да ги реазлиира предвидените капитални проекти, рече Ставрески.
„Логично е ние да помогнеме и со финансиски средства и на друг начин, се што може законски да се помогне. Првиот услов беше општината да постигне согласност со кредиторите на оние на кои им должи и да се договори одредена динамика на плаќање на обврските и градоначалникот тоа го направи. Сите капитални проекти ќе бидат реализирани со средства од централно ниво. Десеттина и повеќе проекти ќе бидат финансирани од Владата преку позајмицата која ќе ја дадеме и која долгорочно, бидејки парите не треба да се враќаат во првите неколку години ќе овозможи општината да застане на здрави нозе во следниот период“, рече Ставрески.
Дејан Блажевски претседател на Охридските Либералдемократи рече дека голем дел од долговите кои ги има општината биле наследени и од претходните градоначалници, а некои од нив биле и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што им беше најголем трик за време на изборите кога ветуваа и дека ќе го спасат Охрид и дека владата ќе се јави како гарант на кредитите, на која требаше да се јави и за време на претходната власт. Оваа Влада не само што тогаш ги подели граѓаните по основ дека ќе давала гарант само ако победи ВМРО-ДПМНЕ, вториот момент е што и на овој градоначалник сета таа ветена помош не ја реализираат“,рече Блажевски.
Разговаравме за начините и можностите за справивање со оваа тешка финансиска состојба и за помошта која Министерството за финансии изминатите месеци.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
„Разговаравме за начините и можностите за справивање со оваа тешка финансиска состојба и за помошта која Министерството за финансии изминатите месеци ни ја дава и ќе ни ја дава се со цел да направиме еден план како да ја надминеме и како во иднина да се справуваме со предизвиците во однос на задолжувањата“, рече Бакрачески.
Министерот за финансии Ставрески финансиската состојба на Општина Охрид ја оцени како многу тешка и сериозна, а причината за тоа, како што рече, ја гледа во големиот број на обврски кои не биле плаќани од страна на претходното раководство на општината. Општината во овој момент не би можела самостојно да ги реазлиира предвидените капитални проекти, рече Ставрески.
Логично е ние да помогнеме и со финансиски средства и на друг начин, се што може законски да се помогне.Зоран Ставрески, министер за финансии.