Достапни линкови

Младите кумановци здружено ќе ги решаваат проблемите


Куманово.
Куманово.

Невработеноста и недоволното учество во донесувањето одлуки, се најголемите проблеми на младите во Куманово, велат од Локалниот младински совет.

Членови на подмладоци на политичките партии, младинскиот невладин сектор, младински граѓански здруженија, локалната самоуправа, УНДП и ОБСЕ го поддржаа Локалниот младински совет во реализирање на нивната петгодишна програма насловена „Стратегија на младите во Куманово“. Урнекот на возрасните претставници од политички партии кои активно учествуваат и во невладиниот сектор, се применува и во младинските невладини здруженија.
Тоа е слободно право, доколку младите можат да се дистанцираат да си ги одредат приоритетите од едното или од другото во одредени ситуации, се за подобра иднина.
Матеј Маневски.

За ова Матеј Маневски, кој не е партиски активист, објаснува дека во Локалниот младински совет тие настојуваат да има баланс. Тој додава дека не може да биде блокиран никој, а политичките ограноци и невладините здруженија работат за свои цели кои би можеле да најдат заеднички интерес во креирањето на севкупната политика. Затоа младите кои можат да ги разликуваат и одделат приоритетите непречено можат да се вклучат во Советот.
Матеј Маневски, младински активист од Куманово.
Матеј Маневски, младински активист од Куманово.

„Сепак, мислам дека има добро покривање и во смисла на младинските здруженија кои не се политички претставници. Тоа е слободно право, доколку младите можат да се дистанцираат да си ги одредат приоритетите од едното или од другото во одредени ситуации, се за подобра иднина.“
Во соработка со локалните власти изработивме стратегија за млади во Куманово. Успеавме сите млади од политичките партии подеднакво да се вклучиме во тоа.
Филип Јаневиќ, ЛДП.

РСЕ: Може ли така?

„Може, зошто да не. Верувам дека функционира. Има влијание, но работиме каква што ни е реалноста. Што да се прави!“, вели Маневски.

Филип Јаневиќ од ЛДП вели дека Локалниот младински совет е пред правно регистрирање во регистарот на Република Македонија. Со тоа Советот ќе добие поголемо значење.

„Во соработка со локалните власти изработивме стратегија за млади во Куманово. Успеавме сите млади од политичките партии подеднакво да се вклучиме во тоа. При самата изработка како два најголеми проблеми се покажаа невработеноста и недоволно учество во донесувањето одлуки. Стратегијата е многу конкретна со јасно определени рокови и надлежности и во нејзиното формирање учествуваа повеќе чинители, не само локалната самоуправа. За пет години колку што трае стратегијата се надевам дека ќе успееме да оствариме најголем број од зацртаните цели“, вели Јаневиќ.

Во пресрет на претседателските и предвремените парламентарни избори, Локалниот младински совет, според Злата Бојаџиева од ВМРО-ДПМНЕ, како и во претходните локални избори ќе се вклучи:

„Во делот информирање на младите дека имаат право на глас, без некакви посебни партиски активности. Нема да заземе ничија страна“, вели Бојаџиева.

Таа вели младите партиски активисти партиските задачи ќе си ги извршуваат исклучиво во рамките на партијата.

Градоначалникот Зоран Дамјановски најави дека поддршката на Младинскиот совет ќе се огледа во вработување на младински претставник, без партиски или етнички предзнак.

Луиза Витон од УНДП смета дека младите треба да се мотивираат во изнаоѓање решенија битни за нив и дека тие во тоа треба да бидат партнери.

Според Ралф Брет од ОБСЕ младите треба да бидат активно вклучени во донесувањето одлуки во јавниот и политичкиот живот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG