Казните за непријавување на имотот се мали, институциите често не си ја вршат работата, па оттука и комотноста функционерите да се однесуваат така како што се однесуваат, вели поранешниот антикорупционер Ариф Муса. На крај, се останува на свеста на луѓето, вели тој.
„Колку се јаки казните моментално и колку се почитува законот или тие што треба да го спроведуваат дали тие ги преземаат сите чекори, затоа така лежерно се однесуваат. Потребно е точно спроведување на законот од тие што треба да го спроведуваат, ако тие не го спроведуваат, знаете ли кој лавиринт ќе настане, кои проблеми ќе се вртат. Кај нас никој не ја презема обврската и никој не е виновен“, вели Муса.
Изминатите неколку месеци во јавноста за непријавување на имот се најдоа неколку функционери. Партиските опоненти мавтаат со анкетните листови за фирмите на Сашо Мијалков, становите на Силвана Бонева, па киријата за станот на Радмила Шеќеринска, претходно во ек на локалните избори актуелен беше и имотот на кандидатите за градоначалници Андреј Жерновски и Владимир Талески.
На партиските говорници изјавуваат дека утврдиле оти нешто не штима во анкетните лустови, потоа посочениот се брани дека доставил промени, но Комисијата за спречување на корупција не ги исправила податоците и се некако завршува тука. Не толку среќните, пак, оние за кои ќе се докаже дека сепак ја таеле својата целосна имотна состојба, може да бидат казнети. Законот за антикорупција предвидува непочитувачите кои нема да ги следат условите за потполнување на анкетен лист да одговараат прекршочно, а глобите се од 500 до 1000 евра.
Во најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба со корупција на Советот на Европа, се наведува дека корупцијата, заедно со невработеноста во Македонија, се уште се најголемите проблеми со кои се соочува земјата. Парламентот и политичките партии се на листата на институции на кои најмалку им се верува во Македонија, пишува во извештајот. Во него се наведува и дека постои сомневање оти пратениците не го менуваат анкетниот лист ако имаат промена во имотната состојба. Исто така се наведува дека јавноста нема доверба во судиите, затоа што процесите се долги, а постои и корупција.
Во анализа на невладината Транспарентност-Македонија пишува дека корупциските скандали од почетокот на годинава, зборуваат дека власта не се бори против корупцијата. Ана Јаневска Делева од Транспарентност-Македонија вели дека загрижува практиката на Државната комисија за спречува на корупција за непреземање мерки против оние кои не пријавиле имот.
„Е сега, зошто самите функционери не поднесуваат е тоа што и ДКСК е таква каква што е, односно нефункционална, така што и тие не се исплашени од ништо и затоа не ни поднесуваат“, вели Јаневска Делева.
Не можат функционерите да се кријат зад Комисијата, вели Муса, а ако Комисијата тоа го дозволува, тогаш се поставува прашањето за што таа зема пари од државата, а не си ја врши работата.
„Комисијата нема друга обврска, тие се баш за тоа платени, земаат пари од буџетот на државата за да спречат корупција, да мониторираат, да ги внесуваат точните податоци во анкетните листови на функционерите итн. Таман работа ако Комисијата прифати дека не е во состојба да ги ажурира податоците, тогаш што прави комисијата, зошто постои?“, вели Муса.
Јаневска Делева вели дека нивна препорака е јавното да се презентира основот и изворот за стекнување на имотот на функционерите и на другите службени лица.
„Во јавноста би се разрешиле сите сомневања за начинот на кој имотот е стекнат и би се зајакнала самата транспарентност, отчетност и одговорност на носителите на власт и би се се спречила злоупотребата на функцијата со незаконско збогатување и корупција“, вели таа.
Функционерите, според Законот за антикорупција, имаат обврска писмено да пријават податоци за неподвижниот имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност, побарувања и долгови, банкарски сметки во домашни и странски банки, во лична сопственост и во сопственост на членовите од семејството.
Од Државната комисија за спречување корупција пред неполн месец соопштија дека 50-тина функционери не поднесле анкетни листови за имотната состојба и за нив Антикорупциска повела постапки. Од Антикорупциската комисија минатата година поднеле иницијативи за кривично гонење за девет случаи, а од Управата за јавни приходи побарале испитување на имотот на 35 функционери.
Соседните земји на различен начин се справуваат со непријавувачите на имот. Во Србија функционерите се должни да поднесат вонреден извештај ако имотот им се зголемил за најмалку 4.000 евра, а во Хрватска ако функционерите не поднесат анкетен лист, не можат да земат плата.
Колку се јаки казните моментално и колку се почитува законот или тие што треба да го спроведуваат дали тие ги преземаат сите чекори, затоа така лежерно се однесуваат.Ариф Муса, поранешен антикорупционер.
„Колку се јаки казните моментално и колку се почитува законот или тие што треба да го спроведуваат дали тие ги преземаат сите чекори, затоа така лежерно се однесуваат. Потребно е точно спроведување на законот од тие што треба да го спроведуваат, ако тие не го спроведуваат, знаете ли кој лавиринт ќе настане, кои проблеми ќе се вртат. Кај нас никој не ја презема обврската и никој не е виновен“, вели Муса.
Изминатите неколку месеци во јавноста за непријавување на имот се најдоа неколку функционери. Партиските опоненти мавтаат со анкетните листови за фирмите на Сашо Мијалков, становите на Силвана Бонева, па киријата за станот на Радмила Шеќеринска, претходно во ек на локалните избори актуелен беше и имотот на кандидатите за градоначалници Андреј Жерновски и Владимир Талески.
Е сега зошто самите функционери не поднесуваат е тоа што и ДКСК е таква каква што е, односно нефункционална, така да и тие не се исплашени од ништо и затоа не ни поднесуваат.Ана Јаневска Делева, Трансапрентност Македонија.