Достапни линкови

Набљудувачите затечени од предвремените избори


Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје, Локални избори 2013.
Набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР на избирачко место во Скопје, Локални избори 2013.

Од ОДИХР очекуваат да добијат покана и за набљудување на парламентарните избори. Поради неисвесноста за нивно одржување и домашните набљудувачи доцнат со вклучување во процесот.

Набљудувачката мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во земјава денеска ќе ги претстави улогите и активностите за престојните претседателските избори кои ќе се одржат на 13 април. Од ОДИХР очекуваат да добијат покана од македонските власти и и за набљудување на предвремените парламентарни избори. Во меѓувреме претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски упати покана до ОБСЕ, ЕУ и НАТО да учествуваат во набљудувањето на изборите.
Секако покрај овие статични набљудувачи ние имаме мобилни тимови коишто ќе работат на терен и кои, секако доколку има потреба, ќе покрија одредени избирачки места.
Теодора Поповска, МОСТ.

Теодора Поповска од МОСТ вели дека се уште не е дефинирана бројката со колку набљудувачи ќе излезат на изборите, но како и секогаш ќе бидат покриени повеќе од 40 проценти од гласачките места.
Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов. МОСТ ги следи локалните избори 2013.
Прес-конференција на директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов. МОСТ ги следи локалните избори 2013.

„Согласно меѓународно призната методологија за домашно набљудување на избори што МОСТ ја применува, ние никогаш не сме ни ставале повеќе набљудувачи на одредени избори места, пред се зошто таа методологија подразбира регионално распоредување на набљудувачите, па така ние ќе имаме ист број на набљудувачи во сите изборни единици. Секако покрај овие статични набљудувачи ние имаме мобилни тимови коишто ќе работат на терен и кои, секако доколку има потреба, ќе покрија одредени избирачки места“, вели Теодора Поповска од МОСТ.
Верувам дека ќе излеземе со квалитетни активности кои на граѓаните ќе им пружат одлична слика за тоа како се одвива изборниот процес, меѓутоа ќе им помогнат да се борат против изборните нерегуларности.
Џабир Дерала, Цивил.

Џабир Дерала од Цивил вели дека и на овие избори ќе бидат активни, но се уште во тек им е постапката за прибирање средства од донаторите за да се обезбедат што поголемо присуство на теренот. Според него, се уште се формира тимот, а планираат да вршат и мониторинг на вестите за изборите во медиумите.

„Во претходните изборни циклуси забележавме дека вестите се недоволни и дека секогаш доаѓаме до објективни информации како јавност, како граѓанки и граѓани, меѓутоа овојпат ќе го зајакнеме тој сектор и ќе излеземе со информации и со анализи, коишто ќе бидат достапни на дневна основа до целата јавност, а секако и до сите медиуми“, вели Џабир Дерала од Цивил.

Дерала порачува дека малку доцна се вклучуваат во процесот, поради неизвесноста за одржувањето на парламентарните избори, но бројката на набљудувачи сигурно нема да биде помала од последните избори.

„Така и други организации, претпоставувам, дека се наоѓаат на слично ниво во оваа ситуација, но верувам дека ќе излеземе со квалитетни активности кои на граѓаните ќе им пружат одлична слика за тоа како се одвива изборниот процес, меѓутоа ќе им помогнат на граѓаните и да се борат против изборните нерегуларности“, вели Дерала.

МОСТ на минатите локални избори имаше околу 3500 набљудувачи, ОБСЕ/ОДИХР 300 краткорочни и 16 долгорочни , како и 11 експерти, а Цивил околу 100.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG