За владејачката партија локалните избори беа фер, демократски и празник на демократијата, за опозицијата – кулминација на тоталитаризмот, нефер, недемократски и нелегитимни. Аналитичарите воздржани – ги чекаат оценките од домашните, и пред сè од странските набљудувачи. Граѓаните, пак, ја повторуваат оценката што најчесто ја слушаат на медиумите – изборите поминаа мирно, со мали нерегуларности.
Нашите соговорници, политичките аналитичари Владимир Божиновски и Алберт Муслиу, го делат ставот дека дијаметрално спротивните оценки за изборите од власта и од опозицијата се должат пред сè на изборните резултати, но Муслиу вели дека влијание на таквите оценки има и начинот на кој се одвиваше изборниот процес.
Тажно е што и по 20 години самостојност, ние сè уште се радуваме на тоа што изборите поминале мирно, вели Муслиу и додава дека оценката за нелегитимност на изборите од страна на опозицијата лошо влијае и на имиџот на државата.
„Секако, сликата не е добра, но да се разбереме, ние не сме некоја земја од третиот свет каде што меѓународните партнери не знаат што се случува. Тие точно знаат што се случува во Македонија, тие се присутни и дури и го набљудуваа процесот. Така што, жално е што нашите лидери внесуваат емоции кои ги пренесуваат кај нивните поддржувачи, па тоа се рефлектира и на теренот меѓу граѓаните со различна политичка припадност“, вели Муслиу.
За Божиновски, пак, оценката на опозицијата е очекувана со оглед на изборниот резултат.
„Преку ова опозицијата на некој начин се обидува да го оправда поразот, иако сметам дека причините за тоа треба да ги гледаат пред сè внатре во политичката партија и во некои одлуки што беа донесени во изминативе неколку месеци“, вели Божиновски.
Тој вели дека по ова треба да следува темелна реформа во опозицискиот СДСМ.
Граѓаните што ги анкетиравме во Скопје, пак, ја повторуваат оценката што најчесто ја слушаат на медиумите – изборите поминаа мирно, со мали нерегуларности.
„Одлични беа и ништо повеќе.“
„Фер, демократски, регуларни со многу некои мали ситници. Ми се чини дека тоа е безначајно и не може да влијае на резултатите, најверојатно.“
„Се караат внатре, срамота. Не сум задоволна од овие луѓе што беа денеска, Минатиот пат беше супер, мирно, денеска, еве сега излегувам од гласање, срамота.“
„Бев на работа и не знам што се случувало. Ни сум гледал на телевизија, ни на радио, ништо. Сабајле слушнав дека сè било како што треба.“
„Супер, одлично, според мене никогаш подобро“, велат анкетираните граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ однесе убедлива победа на локалните избори. Опозицискиот „Сојуз за иднината“ освои само четири општини, но забележува на бројни нерегуларности. Во албанскиот политички блок, ДУИ однесе убедлива победа, а опозициската ДПА освои само две општини.
Секако, сликата не е добра, но да се разбереме, ние не сме некоја земја од третиот свет каде што меѓународните партнери не знаат што се случува. Тие точно знаат што се случува во Македонија, тие се присутни и дури и го набљудуваа процесот. Така што, жално е што нашите лидери внесуваат емоции кои ги пренесуваат кај нивните поддржувачи, па тоа се рефлектира и на теренот меѓу граѓаните со различна политичка припадност.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Нашите соговорници, политичките аналитичари Владимир Божиновски и Алберт Муслиу, го делат ставот дека дијаметрално спротивните оценки за изборите од власта и од опозицијата се должат пред сè на изборните резултати, но Муслиу вели дека влијание на таквите оценки има и начинот на кој се одвиваше изборниот процес.
Тажно е што и по 20 години самостојност, ние сè уште се радуваме на тоа што изборите поминале мирно, вели Муслиу и додава дека оценката за нелегитимност на изборите од страна на опозицијата лошо влијае и на имиџот на државата.
Преку ова опозицијата на некој начин се обидува да го оправда поразот, иако сметам дека причините за тоа треба да ги гледаат пред сè внатре во политичката партија и во некои одлуки што беа донесени во изминативе неколку месеци.Владимир Божиновски, политички аналитичар.