Што се однесува до Кочани по синоќешното апсење на неколку луѓе за кои се тврди дека се ативисти на една партија, тензиите се високи, високо е и присуството на полицијата. Мислиме дека оваа ситуација до некаде ќе попречи и на нормалниот тек на изборите во оваа општина.Џабир Дерала, Цивил.
Набљудувачите од невладината организација Цивил информираат дека во Струмица на избирачките места каде што се прегласува првиот изборен круг забележливо е силно присуство на полицијата и тензична атмосфера.
Активистите забележале и тензична атмосфера во Кочани.
„Што се однесува до Кочани по синоќешното апсење на неколку луѓе за кои се тврди дека се ативисти на една партија, тензиите се високи, високо е и присуството на полицијата. Мислиме дека оваа ситуација до некаде ќе попречи и на нормалниот тек на изборите во оваа општина“, вели Џабир Дерала од Невладината Цивил.
Од Министервото за внатрешни работи ги демантираат тврдењата на неколку медиуми дека Кочани било под полициска опсада. Од таму велат дека синоќа бил уапсен еден маж на возраст од 50 години. Приведениот кон неколку негови сограѓани наводно упатил серoзни закани по живот доколку не гласаат за политичката опција која тој ја застапувал, велат од полицијата. При претрес на неговото возило биле пронајдени еден нож и безбол палка.
Од Цивил велат дека досега се регистрирани повеќе случаи на нерегуларности и инциденти во повеќе општини кадешто тече вториот изборен круг. Партиски активисти пред неколку избирачки места вршеле притисок врз граѓани, фотографирање на гласачки ливчиња, делење на политички флаери, јавно прозивање на гласачи, нудење пари за глас и семејно гласање се дел од неправиностите кои ги евидентирале од Цивил.
Гласачко место 1734 во општина Струмица, имало прекин на гласањето од околу 1 час поради тоа што гласач при обидот да го пушти ливчето во кутијата, го искршил капакот на истата. Била повикана ОИК и полиција, по увидот капакот бил сменет и било решено гласањето по 19 часот да продолжи за 1 час. Пред истото гласачко место региструрани се неколку истрели во воздух. Гласачко место 1917 во Велешта општина Струга, забележани се 32 случаи на семејно гласање.Дарко Алексов, МОСТ.
„Гласачко место 1734 во општина Струмица, имало прекин на гласањето од околу 1 час поради тоа што гласач при обидот да го пушти ливчето во кутијата, го искршил капакот на истата. Била повикана ОИК и полиција, по увидот капакот бил сменет и било решено гласањето по 19 часот да продолжи за 1 час. Пред истото гласачко место региструрани се неколку истрели во воздух. Гласачко место 1917 во Велешта општина Струга, забележани се 32 случаи на семејно гласање. Во гласачкото место е забележано и присуство на неовластени лица, 4 случаи на јавно гласање, како и 3 наврати во кои едно исто лице гласало во име на 9 други. Гласачки места 0071 и 0072 општина Битола како и 0518 и 0519 општина Гостивар, членовите ИО не ги носат потребните беџови“, вели Дарко Алексов од МОСТ.
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста до 13 часот изнесува 24,44 проценти односно на гласање излегле 259. 054 граѓани. Во Скопје до 13 часот изглегле 19, 69 отсто, односно 85 илјади жители.
„Најголема излезност е забележана во Дебарца, каде гласале 46,06 проценти, во Богданци 40,30 насто од граѓаните. Најмала излезност до 13 часот е забележана во Сарај, таму гласале само 4, 34 отсто од гласачите, ниска излезност е забележана и во Шуто Оризари од 11, 33 отсто и во Чаир од 14, 70 отсто“, вели Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.
Мал одзив е забележан во скопските општини каде што се гласа за градоначалник на Скопје, а веќе е избран градоначалник на општината.
Во споредба со првиот изборен круг излезноста до 13 часот на ниво на Македонија во вториот круг е за 10 проценти помала.
Во Македонија денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Се избираат градоначалници во 29 општини и во Градот Скопје, а првиот круг се повторува во три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.