Во Македонија нема политика за заштита на конкуренција. Ако фирмите не знаат како на домашен пазар да се натпреваруваат со фер бизнис практики и стратегии, не знаат како на подобар начин да си ги градат своите компаративни вредности во однос на домашните конкуренти, тогаш не очекувајте резултати на надворешниот пазар. Ова го изјави доцентката на Економскиот факултет Даниела Мамучевска на денешната дебата на тема „Политика за заштита на конкуренцијата - состојби и предизвици“, што ја организира Македонскиот центар за европско образование.
Мамучевска вели дека регулатива во земјава има, но како предизвици во ова поле има многу особено имајќи го предвид фактот за финансиската немоќ на Комисијата за заштита на конкуренција.
„Со вака скромен буџет, Комисијата најголем дел од буџетот, некаде околу 70 отсто, оди на плати и надоместоци, останатиот дел е на стоки и на услуги, а во рамките на стоки и услуги во најголем дел одат на покривање на патни трошоци и договорни услуги“, вели таа.
Од структурата на одработени предмети на Комисијата од 2005 до 2012 изнесува 215, додека за споредба во Хрватската само во 2011 година вкупниот број на сработени предмети од страна на Агенцијата за заштита на конкуренцијата изнесува 396.
Таа додава дека Комисијата 80 проценти од постапките кои ги спровела биле иницирани по службена должност.
„Отсуствува интересот да злоупотребата на одредената пазарна позиција, постоењето на одреден картелски таен договор меѓу фирмите или сомнежот, не сакаат да го пријавуваат или не знаат, тоа не можам да го кажам со сигурност, ниту фирмите, ниту потрошувачите“, вели Мамучевска.
Претседателот на Комисијата, Благој Чурлинов вели дека еден од основните проблеми со кои се соочуваат покрај финансиите е и недостатокот на кадар.
„Лично јас како претседател во одредени институции бараме на разни начини да бидат ангажирани луѓе сепак соодветни. Во самата организација внатре имаме некои кадри коишто можеби не се соодветни, имаме луѓе можеби со Земјоделски факултет, а се знае дека нашата проблематика е правно-економска, дури 85 отсто е економска проблематика, еве јас сум правник, па и мене ми е тешко“, вели Чурлинов.
Од друга страна, пак, претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Мирјана Лончар Велковска, вели дека на сметка на ова патот до правдата за потрошувачот е тежок.
„Нашите претставки упатуваат на тоа дека проблемите стојат во најголем дел во јавните услуги, тука се најголем дел природни или друг вид на монополи. Не велам дека ја злоупотребуваат позицијата, но имаме потреба од регулатива, од регулаторни тела коишто ќе го регулираат овој сегмент на еден независен, сериозен начин“, вели таа.
Според податоците од Народниот правобранител, бројот на поплаки на потрошувачите во изминативе три години е во пораст. Ако во 2010 година изнесувал 14 проценти од сите поплаки во 2012 година достигнува до 21 процент.
Отсуствува интересот да злоупотребата на одредената пазарна позиција, постоењето на одреден картелски таен договор меѓу фирмите или сомнежот, не сакаат да го пријавуваат или не знаат, тоа не можам да го кажам со сигурност, ниту фирмите, ниту потрошувачите.Даниела Мамучевска, доцент на Економскиот факултет.