Господине Мур, често се тврди дека една од причините за високата стапка на невработеност во Македонија е недостиг на мотивираност. Колку менталитетот влијае на шансите на еден поединец за вработување?
Ако ја погледнете невработеноста, луѓето кои една две или три години немаат работа се прашуваат „што ми фали?“. Но, не е секогаш проблемот во нив. Работите кои се случуваат во средината, како економската ситуација, влијаат на тоа што се случува со нас. Сите живееме во четири светови. Живееме во јавниот, професионалниот, личниот и приватниот свет. Јавниот свет вклучува тоа што го правиме секој ден - одење во истата теретана, во истото кафуле, во истиот супермаркет. Таму гледаме луѓе и не знаеме кои се, но ги гледаме речиси секој ден. Тоа е нашиот јавен свет, местата каде се движиме и луѓето кои ги гледаме од далечина, кои не ги познаваме и тие не нè познаваат нас, но и покрај тоа, од далеку ги судиме. Претпоставуваме дека некој е некаков поради начинот на кој се облекува, но не знаеме. Живееме и во професионален свет, кој е на универзитетите или на пазарот. Таму луѓето ги познаваме на фактичко ниво. Знаете одредени факти за соработниците, како на пример фудбалскиот тим за кој навиваат, што прават во слободното време и какво хоби имаат. Сите имате заедничка цел. Ако сте на универзитет, тогаш учите за да добиете диплома или ако работите во иста фирма, сите се обидувате да ја унапредите компанијата. Тоа е професионалниот свет. Сите ние живееме и во личен свет, каде ги имаме пријателите, семејството, браќата и сестрите. Во овој свет луѓето ве познаваат на ниво на чувства. Блиски сте, знаете како се чувствувате за одредени работи, разговорите се подлабоки, ве познаваат малку поинтимно и знаат како да ве возбудат или провоцираат. Сепак, живееме и во приватен свет и таму сме сами. Никој освен самите ние не се наоѓа во приватниот свет. Можеби таму имате врска со бога или не, но токму во приватниот свет се развиваат вредностите. Без разлика дали економијата е добра или лоша, дали работите или не, вие сте мотивирани во приватниот простор, во приватниот свет. Токму таму луѓето сами можат да го направат изборот што ќе прават со себе. Случувањата во овој свет влијаат на личниот, професионалниот и јавниот свет.
Се тврди дека работниците и менаџерите во земјава често се ослонуваат на „виши сили“ за решавање на тековни проблеми, речиси како научена беспомошност која останала од социјалистичкиот режим. Дали владата е главниот виновник за слаби економски перформанси и главниот субјект кој е одговорен за решавање проблеми?
Секогаш сакаме некого да обвиниме. На пример, ако некој човек во Америка израсне во семејство во кое родителите заработуваат милијарда долари годишно, тој не мора ништо да работи, а има и автомобили и куќи, а ништо нема сам направено. Едноставно бил роден во семејство со пари. Од друга страна, во земја како Африка се раѓаат луѓе со ништо - немаат храна, вода и во ваква ситуација кога се гледа кон луѓето се прашуваме зошто едниот има сè најдобро, а другиот не? Сите ние сакаме да гледаме наоколу и да обвиниме некого за нешто. Често не се гледаме самите себе си туку гледаме околу нас. Во врска со вашето прашање, дали власта е крива, дали се виновни луѓето кои ги избираме или самото општество?
Тоа се чести оправданија, барем во нашата средина, судејќи по изјави, медиумски извештаи и анкети.
Да речеме дека е така, да речеме дека владата е виновна. Што можеме ние да направиме во врска со тоа? Како тоа влијае врз нас, врз мене? Јас морам да го живеам животот во сегашноста. Без разлика на тоа дали некој е виновен или не, јас сè уште имам одговорности, сè уште имам право на избор и можам да одлучам дали некого ќе обвинувам или дали ќе го направам она за кое сум способен без да обвинувам никого. Сè се сведува на лична одлука, за тоа што да направам јас во врска со околностите во мојата средина. Јас сум тој што треба да донесе одлуки во овие економски услови, во услови на одредено владеење, во самото општество во кое живеам, во маалото каде живеам, сè уште треба да носам лични одлуки за сопствениот живот.
Значи, тука станува збор за некаква форма на бегање?
Да, секако.
Дали можете да ни дадете краток преглед на техниката за градење односи? Зошто ваквиот пристап е важен за компаниите?
Луѓе сме. Можеби некој има повисока позиција од мене, можеби тој е претседателот на компанијата, а јас може да сум чистачот, но и покрај тоа сите сме луѓе. Јас сум зборувал пред луѓе во многу различни земји и имам забележано дека меѓусебните односи се сè што имаме. Тоа не се учи на Харвард и Јејл. Таму ве учат за економетрија и финансии и сметководство, имено ви даваат информации базирани на знаење, но на крај пак мора да соработуваме со луѓе. Да ви дадам пример. Двајца продавачи ми даваат автомобил. Оној кој не ми се допаѓа ми дава цена од 20 долари, а од друга страна е продавачот кој ми се допаѓа, кој ми дава цена од 50 долари. Јас сакам да ја купам колата за поевтино, но не ми се допаѓа продавачот. На крај ќе одам кај продавачот за кој имам добро чувство и ќе се договорам за пониска цена. Во бизнисот најважни се односите. Дури и ние двајца моментално градиме однос. Вие сте новинар, ми поставувате прашања и јас ви одговарам - тоа е нашиот однос.
Дали градењето односи и слични менаџмент техники можат добро да се применуваат кога работниците се жалат дека синдикатите и законодавството не се на нивна страна. Да ви дадам пример: минималната плата во Македонија е законски одредена на помалку од 200 евра месечно.
Тоа е тешка живеачка - како купувате стан или како плаќате струја и како се прехранувате на 200 евра?
Често се вели дека тоа е чудо.
Веројатно живеете со семејствата и сите помагаат.
Тоа, и многумина тврдат дека живеат на кредит.
Тоа е тешко. Мојот најчест совет за луѓето кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба е да се надградуваат во согласност со нивните преференции или страсти. Јас на пример имам пријатели кои се страствени за вината, а заглавени се на работни места кои не им се допаѓаат. Им препорачувам да се вработат во винската индустрија - сменете работно место, трагајте по нешто што ви се допаѓа. Да ви дадам пример. Сите сме слушнале за Битлси, кои продадоа повеќе плочи од Мајкл Џексон. Но, има еден човек кој продаде повеќе албуми од Битлси, а тоа е Елвис Присли кој продаде 2,5 милијарди плочи, а интересно е што тој човек ја следеше својата страст. Тој во училиште имал единица по музичко. На првите проби му имаат кажано дека нема да успее. Покрај сè, тој има продадено 2,5 милијарди албуми и никој го нема постигнато тоа досега. Дали тоа значи дека ако ја следите вашата страст тогаш ќе успеете? Не знам. Но, барем ќе бидете задоволни работејќи на нешто што сте го сакале. Вреди да се обидете.