Во соопштението што го издаде Белата куќа, во име на сите лидери на Г7, како и на претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија се наведува дека акцијата на Москва е јасно кршење на принципите и вредностите врз кои оперираат Групата 7 и Групата 8 големи индустриски земји во светот. Во првата група се Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соедиентите Држави.
Сите тие учествуваат во Групата осум во која е вклучена и Русија. Нивниот нареден самит е планирано да се одржи во Црноморското пристаниште Сочи во јуни годинава.
Западните лидери исто така им изразија поддршка на напорите на Украина да постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд со цел надминување на економската криза во земјата.
Претходно, американскиот државен секретар Џон Кери го осуди рускиот, како што изјави, „неверојатен акт на агресија во Украина“ и се закани со многу сериозни реперкусии од Соединетите држави и други земји, меѓу другото, економски санкции, забрана за издавање визи, замрзнување на банкарските сметки и трговски казни.
„Владимир Путин нема да добие со ова. Можеби ќе ги има неговите трупи за извесно време на Крим, но всушност тој ќе загуби на меѓународната сцена. Русија ќе загуби, рускиот народ ќе загуби, тој ќе го загуби сјајот што дојде од Олимписките игри. Тој нема да ја имата Групата 8 во Сочи. Можеби тој нема ни да остане во Г8 ако сето ова продолжи“, изјави Кери.
Тој утре заминува за Киев за да ја реафирмира американската поддршка на, како што наведе Стејт департментот, правото на украинскиот народ да ја детерминира сопствената иднина, без надворешно мешање и провокации.
Во меѓувреме, американскиот министер за финасии Џек Лу изјави дека Соединетите држави се подготвени да соработуваат со сојузниците во давањето на сета неопходна помош за Украина.
Во Брисел НАТО побара од Русија да ги повлече војниците и се заложи за испраќање меѓународни посматрачи во Украина со мандат од Обединетите нации и ОБСЕ.
„Ја повикуваме Русија да ги деескалира тензиите. Ја повикуваме Русија да ги почитува меѓународните обврски, да ги повлече силите во базите и да се откаже од секакво мешање во Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Германската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин го прифатил предлогот да се формира комисија и контакт група под закрила на ОБСЕ со цел да започне политички дијалог за проблемот.
Во соопштението се наведува дека оваа идеја Меркел му ја пренела на Путин за време на нивниот телефонски разговор.
Агенциите јавуваат дека за таа цел американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд во Виена ќе разговора со претставници на ОБСЕ.
Се додава дека главно ќе се разгледува можноста за испраќање меѓународни посматрачи на Крим кои би имале поширока мисија, односно да ги заменат руските сили по нивното повлекување.

Владимир Путин нема да добие со ова. Можеби ќе ги има неговите трупи за извесно време на Крим, но всушност тој ќе загуби на меѓународната сцена. Русија ќе загуби, рускиот народ ќе загуби.Џон Кери, американски државен секретар.