Достапни линкови

Претседател над партиските интереси


Одбележување на годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски.
Одбележување на годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски.

Функцијата претседател се повеќе се оддалечува во интерес на партиските интереси и директно влијание од партијата која стои зад неговата кандидатура.

Улогата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски денеска се посматра пред се како обединувачка и натпартиска, тоа од што функцијата претседател во Македонија се повеќе се оддалечува во интерес на партиските интереси и директно влијание од партијата која стои зад неговата кандидатура, посочуваат експертите.
Системот дозволува дури и преку партиски кандидирања, штом е непосредно биран од граѓаните, претседателот со тие малку или малку повеќе ингеренции кои ги има, со својот интегритет може да стане симбол на едно национално единство.
Рамадан Рамадани, Институтот за слободна мисла НИСМА.

Кампањата за претседателските избори кои не очекуваат за месец и половина како и сите претходни ќе изобилува со пароли преку кои кандидатите ќе сакаат да се претстават со своите наводни намери да делуваат надпартиски и во интерес на сите граѓани. Од кандидатите за кои се шпекулира дека ќе влезат во изборната трка не може да се очекува поинакво однесување, посочуваат експертите.

„Системот дозволува дури и преку партиски кандидирања, штом е непосредно биран од граѓаните, претседателот со тие малку или малку повеќе ингеренции кои ги има, може со својот интегритет да стане симбол на едно национално единство“, изјави аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот за слободна мисла НИСМА.
Првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
Првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

Од досегашното искуство се покажува дека начинот на кој избраниот претседател ќе ја обавува својата функција во нашата политичка клима најмногу зависи од персоналното решение.
Искуството наше не е баш толку позитивно, можеби претседателот Глигоров и претседателот Трајковски успеаа во тоа, но другите претседатели некако не успеваа.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

„Персоналното решение е многу важно, дали тој човек ќе успее да ги надмине тесно-партиските кулоари или интереси. Искуството наше не е баш толку позитивно, можеби претседателот Глигоров и претседателот Трајковски успеаа во тоа, но другите претседатели некако не успеваа“, изјави професор Никола Дујоски.

Оттука трагично загинатиот претседател Борис Трајковски како и првиот претседател во независна Македонија, Киро Глигоров се наметнаа со својата личност, иако кандидирани од партии, да се издигнат над партиските интереси и да ги постават во прв план интересите на нацијата и државата. Можеби поради своите верски убедувања претседателот Трајковски успеа најмногу во тоа да одигра обединувачка улога, посочува Рамадани. Тој го нагласува и значењето на самото кандидирање без почитување или со само формално почитување на процедурите во самите коалиции.

И по на чинот на кој е уставно поставена претседателската функција е бледа и Македонија споредено со земјите од регионот и ја има доделено најслабата улога на претседателот во системот. Нема потреба, ниту нешто би сменило во начинот на обавување на претседателската функција, доколку бидат преземени и некакви уставни или законски измени, појаснува Дујоски, се останува на политичката свест.
XS
SM
MD
LG