Владата не ги открива „новите моменти“ кои биле пресудни за повторно отворање на истрагата за авионската несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски и осуммина негови соработници и членови на екипажот. Од Владата велат дека во интерес на истрагата е да не се откриваат новите моменти од доказниот материјал кој министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го доставил до својот босански колега Дамир Хаџиќ.
„Се работи за стотици страници доказен материјал кој е доставен до босанските власти, бидејќи согласно европските стандарди, постапката мора да се води во Босна, односно во земјата каде што се случила несреќата. Очекувам дека многу сериозно и објективно ќе бидат разгледани сите овие документи“, изјави деновиве министерот Јанакиески.
Од Владата информираат дека во наредниот период се очекува формирање на заедничка работна група која ќе биде составена од експерти од Македонија и Босна и Херцеговина. Групата има рок од два месеца да изготви нов извештај со заклучоците до кои ќе дојдат по новата истрага која се води во рамки на државната управа.
Инаку, во март годинава македонското Министерство за внатрешни работи изработи посебен извештај за падот на Кингерот, кој беше доставен до Јавното обвинителство. Тогаш јавниот обвинител Љупчо Шврговски го отфрли истиот со образложение дека во него немало докази врз основа на кои би можеле да започнат нова истрага. Сепак, тој потенцираше дека одлуката на обвинителството може да се промени доколку се појават нови докази. И по осум години од овој трагичен настан, тимот на обвинителот Шврговски и натаму стои на официјалната верзија која гласи: „пилотска грешка поради пропусти и отстапување од процедурата за слетување, во услови на сложена метеролошка состојба“.
Европратеникот Андреас Грос од Швајцарија, пак, пред неколку години побара повторна истрага и се посомнева дека не се работи за несреќа.
Обвинителството сè досега ја отфрлаше и најситната можност дека можеби станува збор за саботажа, неисправност на возилото, како и за други евентуални пропусти во процедурата, кои довеле до трагичната несреќа. Како крајно неосновани и тенденциозни, беа отфрлени и претпоставките за постоење „монтирано сценарио” или некаква вмешаност на странски служби.
Воздухопловната несреќа на авионот во кој беше претседателот Трајковски се случи на 26 февруари 2004 година кај Ротимље во близина на Мостар.
Се работи за стотици страници доказен материјал кој е доставен до босанските власти, бидејќи согласно европските стандарди, постапката мора да се води во Босна, односно во земјата каде што се случила несреќата. Очекувам дека многу сериозно и објективно ќе бидат разгледани сите овие документи.Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.