Граѓаните на Киев со солзи, но и со гордост минуваат низ цвеќињата и запалените свеќи во знак на сеќавање на жртвите кои паднаа во минатата недела во судирите меѓу антивладините демонстранти и украинската полиција на Плоштадот на Незвисноста.
„Ние сме на стража, бидејќи тука шетаат титушки. Тие провоцираат и фрлаат молотови коктели. Сега се чини мирно, но работите не се смируваат така лесно.“
Вели Јарослав, 30 годишен стаклар од Лвов кој дојде во Киев како член на бригадите за одбрана против титушките, референца за силеџии кои се против антивладините протести.
И покрај отстранувањето на претседателот Виктор Јанукович и преземањето на власта од страна опозицијата, многумина од демонстрантите велат дека е прерано да прогласуваат победа.
„Јас сум морално уморен. Моите нерви не можат да издржат. Засега можеби победивме. Но, на истокот на Украина се уште не јасно како ќе се одвиваат работите.“
Вели Андриј Ковалишин кој чува стража пред Градското собрание во Киев.
Чувството на замор преовладува во целиот град, или како што вели 30 годишната домаќинка Наталија, „преуморни сме да се радуваме“.
Повеќето киевчани признаваат дека страхуваат од она што би можело да следува. Протестите продолжуваат во Харков, Луханск и Севастопол каде што етничките руси ги палат украинските знамиња и бараат од рускиот претседател Владимир Путин да го стави Крим под контрола на Москва.
Во меѓувреме, опозицијата се уште талка околу политичката иднина на Украина. Некои, како Халина Родзијевскаја е скептична дека Јулија Тимошенко, Арсениј Јаценјук или Виталиј Кличко се вистинските луѓе да ја водат Украина.
„Би ги сменила сите нив, да бидам искрена. Но, тоа е мое лично мислење. Работам во странство, но сакам да има работа тука и да се вратам дома и нормално да живеам.“
И покрај апелите за смирување во Киев деновиве зачестија инцидентите меѓу противниците и поддржувачите на поранешниот претседател Виктор Јанукович.
Има страхувања дека такви инциденти би можело да се појават и во редовите на самата опозиција при поделба на власта. Сепак, 25 годишниот Јевхениј Хорковенко е оптимист.
„Мислам дека тоа е мала победа. За несреќа зеде голема цена и луѓето платија со нивните животи. Но, сега промените веќе се случуваат.“
Вели Хорковенко.

Јас сум морално уморен. Моите нерви не можат да издржат. Засега можеби победивме. Но, на истокот на Украина се уште не јасно како ќе се одвиваат работите.