Достапни линкови

Дневен печат - партиите се препукуваат за сè и сешто


Кавгите меѓу владејачката партија и опозициската СДСМ за долгот на државата, за изборите, за синдикатот, како и падот на слободата на медиумите, се дел до темите во весниците.

„Ништо ново - слободата на медиумите продолжува да паѓа, Македонија се најде на 123 место од вкупно 180 земји во светот во најновата ранг-листа на Репортери без граници“, објавува само Утрински за состојбата со слободата на медиумите во земјава.
Со решение потпишано лично од премиерот Груевски, Живко Митревски е назначен за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско, со што си обезбедил уште една плата.
Утрински весник.

Инаку, продолжуваат кавгите меѓу владејачката партија и опозициската СДСМ, овој пат за висината на јавниот долг, за што Кире Наумов излезе со тврдење дека Владата со години ја манипулира домашната и странската јавност за задолженоста на државата споредувајќи го долгот со оној на другите држави, а не со долговите на нивните централни влади, всушност две сосема различни работи. Ова го објави Утрински. Одговор стигна од
Ставрески, на прес за која информира Дневник, дека Македонија останувала четврта најниско задолжена држава во Европа, а дека СДСМ настапувал сензационалистички.

„Економијата и натаму ќе расте“ ги објавува Вечер предвидувањата на Народна банка на Македонија.
Црната кампања ќе ги остави неопределените дома, аналитичарите велат дека тоа е всушност главната цел на владејачката партија.
Нова Македонија.
Кражбите во поштите низ државава „изедоа“ 3 милиони евра, објави Утрински, додавајќи дека поштите станале како самопослуги и дека најголем дел од нив немаат аларм, ниту обезбедување. И пак Утрински го објави обвинувањето од СДСМ дека претседателот на Сојузот на синдикатите е платен од Владата, што е мегаскандал од невидени размери. И плус, со решение потпишано лично од премиерот Груевски, Живко Митревски е назначен за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско, со што си обезбедил уште една плата.

За претстојните претседателски избори: Нова Македонија насловува: „Црната кампања ќе ги остави неопределените дома, аналитичарите велат дека тоа е всушност главната цел на владејачката партија, а едновремено да ги мотивира на гласање партиските членови“. Утрински објавува дека „Македонија потроши 8 милиони евра за предвремени избори, а сумата ќе се зголеми ако пак има и предвремени парламентарни“. Дневник, за барањата на ДУИ за консензуален претседателски кандидат, пишува: „Зборуваат за бојкот, а бараат избор во Собранието со Бадентеров принцип“. Инаку, Утрински информира дека „Доцнат и кандидатурите и програмите“, а дека Рилкоски се оградува од веродостојноста на Избирачкиот список затоа што ДИК нема увид дали е пречистен, оти податоците им ги доставува полицијата, а ги проверува Заводот за статистика, а не ДИК.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG